Најважните вештини кои детето ги учи во градинка (и се поважни од чување дома)

Градинката не е само игра. Тоа е место каде детето првпат учи како да биде дел од еден свет и се подготвува за животот - учи социјални вештини, да се бори за своите работи, да биде самостојно, да комуницира, да функционира во заедница и да си создаде свој мал свет. 

najvazhnite-veshtini-koi-deteto-gi-uchi-vo-gradinka-i-se-povazhni-od-chuvanje-doma-01.jpg

Градинката не е задолжително и секој родител има право да одлучи дали своето дете ќе го прати да биде згрижено во градинка или ќе биде чувано дома, доколку воопшто има опција за избор.

Иако секоја страна си има свои предности и недостатоци, сепак градинката докажано ги учи децата на многу вештини кои се многу важни во текот на нивното растење и градење како личности.

Секако дека дел од вештините со многу работа може да се усовршат и дома, но можеби многу потешко и подолго, а некои и никогаш нема да се постигнат.

На Инстаграм кружи вирална објава за тоа кои се најважните вештини што детето ги учи во градинка.

Погледнете кои се тие, објавата ја споделуваме во целост:

Градинката не е само игра. Тоа е место каде детето првпат учи како да биде дел од еден свет.

Социјални вештини

Детето учи да споделува, да чека ред и да решава конфликти:

„Сакам и јас“ / „Тоа е мое“.

Самостојност

Во градинка не постои „дај мама ќе го направи тоа“.

  • Се облекува само
  • Јаде само
  • Си ги подготвува работите само
  • Оди во тоалет само

→ Со ова детето почнува да верува во себе.

najvazhnite-veshtini-koi-deteto-gi-uchi-vo-gradinka-i-se-povazhni-od-chuvanje-doma-03.jpg

Емоции под контрола

Тука детето првпат проаѓа низ процесот на раздвојување, фрустрација и љубомора.

Учи да каже: „Тажен/а сум“ / „Лут/а сум“.

Правила и рутина

Таму постои ред, постои ритам:

  • Време за игра
  • Време за јадење
  • Време за одмор

→ Со тоа детето се подготвува за на училиште (и за животот).

najvazhnite-veshtini-koi-deteto-gi-uchi-vo-gradinka-i-se-povazhni-od-chuvanje-doma-02.jpg

Комуникација

Во група детето мора да се изрази:

  • Почнува повеќе да зборува
  • Поставува прашања
  • Ги слуша другите

♥ Многу „тивки“ деца овде процветуваат.

Решавање проблеми

Преку игра детето учи да размислува:

  • Како да сложи и состави нешто
  • Како да се договори
  • Како да дојде до целта

→ Со ова детето развива логика и упорност.

najvazhnite-veshtini-koi-deteto-gi-uchi-vo-gradinka-i-se-povazhni-od-chuvanje-doma-04.jpg

Чувство на припадност

„Ова се моите другари“.

  • Заедништво
  • Сигурност
  • Самодоверба

→ Така ова станува мал свет кој е негов/нејзин.

♥ Градинката не е само подготовка за училиште. Туку и подготовка за живот.

M. M. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Престанав да го терам син ми (3) да дели играчки со другите деца – што научив од ова?“ „Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дет...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
Моќна порака од македонска мајка: „Порано било полесно – сега титкаат групите на Вибер, бираш од как... „Не е дека било толку полесно. Ама нивниот ум, веројатно бил многу потивок. Доде...

Најчитани неделава