„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“

„Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но нема да си простам. Можам да замислам колку е тешко да заспиеш знаејќи дека твоите родители се расправаат...“

se-kaam-zatoa-shto-sakav-da-bidam-sovrshena-majka-i-vikav-mnogu-po-moite-deca-za-se-01.jpg

Да можете да го вратите времето наназад која работа во врска со односот кон своите деца би сакале да ја промените?

Читателите на BuzzFeed откриваат за која работа што ја правеле при растењето на децата најмногу се каат.

Исповеди на родители на тема „Најмногу се каам затоа што“:

„Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но нема да си простам. Можам да замислам колку е тешко да заспиеш знаејќи дека твоите родители се расправаат. За тоа се каам најмногу во животот“.

„Сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè да биде во совршен ред. Денес, сметам дека требаше да прекинам да викам и да почнам да слушам. Требаше само безусловно да ги сакам и нежно да ги водам низ животот.“

„Останав во врска во која бев емоционално, психолошки и финансиски злоупотребувана и тоа го правев за ‘доброто на моите деца’ и еве 10 години подоцна гледам дека тоа не им донесе добро“.

„Би сакала да бев поприсутна додека децата ми зборуваа, особено што им се случувало во училиште. Пораснаа толку брзо и сега ми недостига тоа, не ми се доверуваат за ништо“.

se-kaam-zatoa-shto-sakav-da-bidam-sovrshena-majka-i-vikav-mnogu-po-moite-deca-za-se-02.jpg

„Не ѝ кажував доволно ‘те сакам’ на ќерка ми. Израсна во паметна и независна жена, но има тешкотии кога треба отворено да зборува за емоциите“.

„Мака ми е што никогаш не им се извинував на моите деца. Моите родители никогаш не ми се имаат извинето за ништо, па затоа и јас постапив така. Тоа ми е огромна грешка“.

„Ако можам да го вратам времето ќе го поправам тоа што не си играв доволно со нив. Требаше да скокам во базенот со нив, да си играм криенка, да се смееме, да се бркаме...“

„Грешка ми е што му верував премногу на син ми, се поставив премногу пријателски кон него и никогаш не му станав авторитет. Потоа тоа ми се удри од глава“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Хит видео: Колку е прекрасно (читај напорно) патувањето со мало дете во Рим? Мало дете кое се качува по ограда, истура вино, се прави лом со сладолед, трча и...

Најчитани неделава