Хит видео: Колку е прекрасно (читај напорно) патувањето со мало дете во Рим?
Мало дете кое се качува по ограда, истура вино, се прави лом со сладолед, трча и може да си изгуби во толпата народ... Пар искрено претстави како изгледало нивното патување со мало дете во Рим, но праќаат и моќна порака.

Алина и Кајл се патувачки пар, кој сака да ги споделува своите авантури на Инстаграм.
Во нивните авантури е вклучено и нивното мало дете и откако добиле критики дека не прикажуваат јавно колку на моменти е тешко и напорно патувањето со мало дете, тие одлучија да објават искрено видео од Рим.

Нивната објава гласи:
„Луѓето велат дека не споделуваме доволно реалност.
Па, еве ја реалноста на патување со мало дете.

Да, понекогаш ќе се истури вино, сос од тестенини ќе има насекаде. Ќе мора да бидете брзи кога вашето дете ќе се обиде да трча, да се качува или да фрла нешто, но ви гарантираме дека сепак ќе уживате и ќе создадете незаборавни семејни спомени.

Затоа, не дозволувајте „реалноста“ да ве исплаши и спречи да патувате со деца. Не е ништо поразлично од тоа што го правите дома!“.
Погледнете го нивното хит видео (кликнете на него):
С. С. | Црнобело
