„Патување без деца? Да! Бевме со сопругот во Рим и ни беше како втор меден месец“

„Рим, само ние двајца. Чекавме 4 години. Четири години за да побегнеме од улогата на родители и накратко да бидеме само пар. И на крај успеавме. Втор меден месец! Ах, и тоа каков! Еспресо на плоштад, вечера без стрес, скитање без план. Спиевме до кога сакаме. Не моравме да се грижиме за рутините, ниту за распоредот на дремките...“

patuvanje-bez-deca-da-bevme-so-soprugot-vo-rim-i-ni-beshe-kako-vtor-meden-mesec-01.jpg

Мајка на две деца од Србија на Инстаграм потпишана како „Mamaceut“ постојано споделува искуства и совети од родителството.

Овој пат таа се фокусира на патувањата без деца и зошто тие се корисни за бракот.

Нејзината објава гласи:

„Ни беше потребно.

Рим нè потсети дека не сме „само родители“. Дека е во ред да се земе пауза. Дека љубовта бара простор за да дише.

И не, не мислам дека секое патување мора да ги вклучува децата за да биде правилно или вредно.

Постојат патувања што едноставно значат повеќе кога сте само двајца. Само пасош, ранец и раката на оној што го сакаш – без дополнителна опрема.

Не мораш да го водиш детето на секоја фонтана, музеј или светски плоштад за да бидеш добар родител.

patuvanje-bez-deca-da-bevme-so-soprugot-vo-rim-i-ni-beshe-kako-vtor-meden-mesec-02.jpg

Најдобрите спомени за децата не се разгледувањата, туку играта, одморот и слободата.

Ова не е повик за бегање од децата. Ова е потсетник дека повремено треба да се вратите - на себе. И еден на друг.

Патување без деца? Да! И тоа без грижа на совеста.

Рим, само ние двајца.
Чекавме 4 години. Четири години за да побегнеме од улогата на родители и накратко да бидеме само пар. И на крај успеавме.

Втор меден месец! Ах, и тоа каков!
Еспресо на плоштад, вечера без стрес, скитање без план.

Спиевме до кога сакаме.
Не моравме да се грижиме за рутините, ниту за распоредот на дремките.

patuvanje-bez-deca-da-bevme-so-soprugot-vo-rim-i-ni-beshe-kako-vtor-meden-mesec-03.jpg

Инстаграм постојано ми ја продава идејата: „Патувајте секаде со деца!“

Но, искрено? Не сум сигурна дека се согласувам. Ниту дека тоа секогаш има смисла.

Гледам мали деца во Рим...

Температура од 35 Целзиусови степени.
Турканици.
Скали насекаде.
Спиење во колички.
Престимулираност.
Мини хорор за сите вклучени.

Не се сите патувања вредни за таа борба.

patuvanje-bez-deca-da-bevme-so-soprugot-vo-rim-i-ni-beshe-kako-vtor-meden-mesec-04.jpg

Детето нема да ја памети Фонтаната Ди Треви, но ќе го памети заедничкото летување на море, играта во песокот и прошетката во шумата.

Патувајте со децата, но и без нив – ако сте во можност.
Едното не го исклучува другото.

Патувањата без деца се вложување во вас... Во бракот, во партнерството, во љубовта.

А кога ќе се вратите дома, повторно сте нивни. И сте уште подобри од претходно!“

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
Хит видео: Колку е прекрасно (читај напорно) патувањето со мало дете во Рим? Мало дете кое се качува по ограда, истура вино, се прави лом со сладолед, трча и...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg