„Моите деца ги сакам помалку сега кога се тинејџери - Зошто се чувствувам така?“
„Ми недостигаат деновите кога моите деца ми даваа безрезервна љубов, но уште повеќе од тоа ми недостига времето – кога беа лесни за сакање. Сега ми превртуваат со очи и ми даваат саркастични коментари...“

Клер О'Рајли (45) од Велика Британија е мајка на 3 деца, која за магазинот „TheSun“ отворено проговори за работите кои ја мачат во поглед на мајчинството.
Нејзината исповед гласи:
„Кога мојата 14-годишна ќерка минатата седмица ми кажа дека од мене ѝ се ежи кожата, убаво знаев дека не станува збор за комплимент, туку напротив.
Знам дека ми даде знак дека од мене добива силно чувство на одбивност поради моето однесување и начин на кој ја третирам.
Се загрижив како го поттикнувам ова чувство кај неа, па ја викнав да прошетаме на воздух и ја потсетив дека порано ме сакаше толку многу, што ме следеше дури и кога одев во тоалет.

Таа не го двоеше погледот од телефонскиот екран и едвај погледнуваше во мене, но забележав дека превртува со очите на моите забелешки.
И покрај тоа што со неа имав минато 68 часа во породилни болки и што сè до овој миг верував дека тоа што станав мајка е всушност најдобрата работа што сум ја направила во животот.
Ми недостигаат деновите кога моите деца ми даваа безрезервна љубов, но уште повеќе од тоа ми недостига времето – кога беа лесни за сакање.

Ах, таа златна ера на прегратки и сонливи очиња и заспивање во моите раце, сега е заменета со превртување на очи и саркастични коментари.
На многу места наидов дека најтешко е да се биде родител кога детето има 15 години и комплетно се согласувам.
Нашите тинејџери секојдневно нè туркаат до точка на пукање, што ми прави да ми биде тешко да ги сакам како порано, кога беа толку прекрасни и лесни за сакање, а јас им бев центар на универзумот.
Мојата ќерка се срами нејзините пријатели да ја видат со мене, а син ми ме предупредува да прекинам да му испраќам глупави видеа на социјалните мрежи.
Ах, а порано им бев омилената личност на светот.

Ќе излажам ако не кажам дека длабоко во себе не се прашувам како мојата љубов кон нив успеа да се промени.