„Ќерка ми врескаше затоа што прво сум ставила житарки, а не млеко - родителството треба да се преживее“
„Мојата принцеза сакаше житарки, па ставив житарки во чинијата и потоа додадов млеко. Да, точно. Тоа беше мојата грешка – Додадов млеко потоа. Моето девојче ме погледна како да сум извршила злосторство. Тој момент никогаш нема да го заборавам. 'Млекото требаше прво!!!' Почна да вреска и да плаче...“

Верував дека сум ги сфатилa сите тајни и дека сум целосно подготвенa за патот на родителството. Гледав видеа за родителство, читав многу книги и си ветив дека никогаш нема да ги разгалам моите деца со исполнување на сите нивни неприфатливи желби.
Во мојот ум, бев самоуверенa и подготвена да ја прифатам оваа авантура.
И тогаш, моето преслатко бебе дојде на овој свет. Тоа бебе потоа стана тодлер.
Сè одеше добро сè додека едно утро не решив да му дадам на моето мало девојче појадок, а доживеав неочекувана драма.
Тогаш сфатив дека родителството е многу потешко отколку што очекував.
Дозволете ми да споделам што се случи.
Мојата принцеза сакаше житарки, па ставив житарки во чинијата и потоа додадов млеко. Да, точно. Тоа беше мојата грешка – Додадов млеко потоа.
Моето девојче ме погледна како да сум извршила злосторство. Тој момент никогаш нема да го заборавам.
„Млекото требаше прво!!!“ Почна да плаче како да сум ѝ дала не знам што.
„Неееееее, не сакам житарки сега!!!“, врескаше.
Тогаш си помислив дека можеби сум ги читала погрешните книги за родителство.
Се обидов да останам смирена и да ѝ објаснам дека не е важно дали ќе додадеме млеко прво или подоцна. Но, моето објаснување за неа беше бескорисно.
Тодлерите не веруваат во логика, и требаше да го прифатам тој факт многу порано.
Ѝ реков: „Ајде ќе ја фрлам оваа чинија и ќе ти направам нова“.
Побарав втора шанса за да ја исправам мојата грешка. За среќа, ми го прифати извинувањето и почна да јаде житарки, во кои прво ставив млеко, а потоа житарки.
Се почувствував како да сум ја добила битката, но по која цена? Не би сакала да се потсетувам на тоа.
Понекогаш, победуваш со тоа што губиш.