Бонтон правила ако сакате да оставите впечаток на угледно и културно семејство
Обрнувајте внимание на луѓето
Со модерното време, многумина забораваат дека кога се во друштво треба да заборават на телефонот и дека не е примерно кога не гледаат некој што им се обраќа бидејќи не го ни забележуваат.
Манирите се клучни, па кога целото семејство не е зјапнато во телефон и обрнува внимание на луѓето, навистина остава добар впечаток.
Избегнувајте озборување и критики
Не само што нема потреба да озборувате самите и да зборувате лошо за други луѓе, туку и ако некој почне да шпекулира нешто пред вас, оградете се и не го продолжувајте разговорот. Културните и угледни луѓе не се грижат за туѓите животи, а уште помалку не зборуваат за тоа пред други.
Промовирајте добри навики
Личните интереси и секојдневните навики и хобија зборуваат многу за личниот карактер, па добро е во семејството да промовирате навики како читање, спорт, музика, култура и слично.
Ова не значи да ги запишете децата на сите активности, но да се потрудите да им всадите навики за добри активности и хобија, така што и вие ќе ги практикувате.
Практикувајте љубезност со луѓе од услужна дејност
Вашето семејство надвор го рефлектира она што го гледа од останатите членови, затоа поставете добар пример и заеднички однесувајте се културно кон вработени во услужни дејности и научете ги децата да ги ценат луѓето од сите професии.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:



