Бонтон правила ако сакате да оставите впечаток на угледно и културно семејство
Учете ги децата на добри манири и вредности, поставете пример за однесување и почитување на луѓе од услужна дејност, грижете се за чистотата и хигиената и не оставајте впечаток на хаотично и валкано семејство.
Впечатокот кој го оставате како семејство е подеднакво важен како и личниот впечаток.
Елеганцијата и отменоста не се однесуваат само на добро облекување, туку на соодветно однесување, добри навики, примерно изразување и ценење добри вредности и принципи.
Па, доколку сакате да претставите позитивна слика на угледно и културно семејство, треба да се држите до одредени бонтон правила.
Ова се дел од нив:
Учете ги децата да бидат самоуверени, креативни и воспитани
Уште од најмала возраст учете ги да ги контролираат емоциите, да вежбаат самодоверба и добро однесување, но на забавен начин, за да им доаѓа природно, а не со наредување и заканување. Потребна е позитивна атмосфера, а не страв и уцени, за вредностите да им бидат врежани.
Семејните проблеми оставете ги во домот
Не дискутирајте детали за семејниот живот и проблемите со други луѓе, посебно не на настан наменет за позитивно дружење да се жалите и да оставате лош впечаток за семејството. Поставете го ова како семејно правило.
Залагајте се за среденост, чистота и добра хигиена
Чистотата и хигиената кажуваат многу за вас уште на прв впечаток, но не само личната – туку и на целото семејство, на децата, во домот, во автомобилот итн.
Секој член во семејството треба да се грижи за својата хигиена, а иако со мали деца понекогаш е тешко да се задржи совршено чисто и средено, сепак потрудете се да не дозволувате да живеете во константен хаос и нечистотија.
Не се фалете наменски со она што го поседувате
Успешните и самоуверени луѓе не мора да се оправдуваат и да се фалат со сето она што го поседуваат – доволно се забележува нивото по животниот стил што го имаат, бидејќи знаат дека материјалното не зборува за нивниот карактер, туку си го живеат животот за себе. Оставете некогаш и другите да се почувствуваат значајно, независно дали имате повеќе.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:



