7 старомодни родителски правила кои можат да ги спасат денешните деца

Нека научат на потешкиот начин... „Син ми излезе без јакна на -5°C. Не му ја однесов. Едно утро со добро измрзнување вредeше повеќе од стотици потсетувања“.

7-staromodni-roditelski-pravila-koi-mozhat-da-gi-spasat-deneshnite-deca-01.jpg

Главната поука од старомодните родителски правила е: „Кога правиме помалку за децата, децата учат повеќе. И се подготвуваат за живот преку дела - без да мораме постојано да зборуваме“.

Учете ги своите деца преку префрлување на одговорности.

Неколку старомодни родителски правила, споделени од родители на Редит:

Нека научат на потешкиот начин

„Син ми излезе без јакна на -5°C. Не му ја однесов.

Едно утро со добро измрзнување вредeше повеќе од стотици потсетувања“.

Нека научат да перат и да се грижат за себе и за своите работи

„На син ми му кажав да ја извади омилената блуза од машината за перење, тој не ја извадил и таа се офарбала.

Му беше многу жал и сега ја вади облеката од машина на време“.

Учење за пари од мали нозе

„Децата кај нас дома добиваат пари според возраста. Ако ги потрошат пребрзо или изгубат, нема нови. Научија брзо како да располагаат со парите“.

7-staromodni-roditelski-pravila-koi-mozhat-da-gi-spasat-deneshnite-deca-02.jpg

Нека пазарат сами

„Им дадов пари и список, а јас останав во автомобилот. Првата седмица останавме без храна - втората беа повнимателни“.

Поттикнување сочувство

„Глумев пациент, а тие лекари. Учеа грижа додека јас си одморав“.

7-staromodni-roditelski-pravila-koi-mozhat-da-gi-spasat-deneshnite-deca-04.jpg

Нека си ги мијат садовите и нека средуваат дома

„Сакаат ТВ екрани или видео игра? Прво садовите и да се среди домот.

Брзо сфатија дека е подобро веднаш да исчистат – без преговарање“.

Почитување на време

„Задоцни? Почнувавме без него и тоа е тоа – пропушта важен настан. Брзо научи да биде точен“.

7-staromodni-roditelski-pravila-koi-mozhat-da-gi-spasat-deneshnite-deca-03.jpg

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

7 правила на кои богатите семејства ги учат своите ќерки за мажите (број 4 е клучно) Гледај како ги третира парите, тоа е начинот на кој ќе ги третира одговорностите...
„Денешните татковци се поинакви. Менуваат пелени. Бришат солзи. Знаат каде стојат пижамите. Готват“ „Денешните татковци остануваат будни кога детето има температура. Не „помагаат“....
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
Една грешка што родителите ја прават – зошто не треба да ги покривате децата со пешкир кога ги вадит... Дали и вие кога ги вадите децата од базен веднаш ги покривате цели со пешкир за ...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg