Акушерка од Србија: „Правила за посета на новороденче – не седете предолго на гости, измијте раце, не ставајте парфем“
„Тажно е што уште треба да се потсетуваме на вакви основни работи“, „Ова се правила што мајките се срамат да ги кажат“ – коментираат на виралната листа со правила за посета на новороденче кога одите на повојница.

Мајда Јоветиќ е акушерка која има повеќе од 10 години искуство како акушерка.
Сега таа на својот Инстаграм профил споделува совети за трудници и тазе мајки, со цел да го пренесе своето знаење и искуство.
Помеѓу многуте теми, таа пишуваше и за правилата кои сите треба да ги следат кога одат на гости кај новороденче.
Жално е што треба да се пишуваат и повторуваат овие основни правила кои треба да се дел од општата култура, но за жал многу луѓе не ги применуваат.
Некои мајки немаат срам отворено да кажат, но други посакуваат сите да ги следат овие правила, но се срамат да кажат.
Листата со правила кои акушерката ги споделува:
1. Не делете непотребни совети – мајката веќе го дава својот максимум.
2. Измијте ги рацете кога ќе пристигнете (независно што мислите дека ви се чисти).

3. Не доаѓајте настинати.
4. Не останувајте предолго на гости.
5. Не го задржувајте бебето предолго во раце, ако гледате дека плаче, вратете го кај родителите.

6. Не советувајте за доење ако не сте стручни.
7. Измијте садови, испеглајте облека, донесете ручек...

8. Не им кажувајте на родителите „Остави го нека плаче“.
9. Заборавете на цигари пред посетата и во текот на посетата на бебе.
10. Не внесувајте стрес во просторот каде што треба да владее мир.
*Границите не се безобразлук!
Во коментари на виралната објава во која многумина се пронајдоа, некои ја дополнуваат листата со уште корисни правила, а други се чудат што мора да се учат луѓето на основни работи.
Дел од коментарите гласат:
„Не ги бакнувајте децата по лице и раце, бидејќи пренесувате бактерии и вируси“.
„Не користете премногу парфем, бидејќи на бебето може да му пречи“.

„И не заборавајте дека сте дошле во посета на бебето и на мајката, како и дека на мајката не ѝ е обврска да ве угостува со полна трпеза, па уште и да раскрева откако ќе си одите“.
„Колку е тажно што вакви нормални работи мора постојано да се повторуваат и да им се објаснуваат на луѓето“.
„Браво! Одлична објава!“
М. М. | Црнобело
