7 работи кои (најверојатно) ги научивте како постара сестра

Вашата сестра или брат во еден миг порасна и се најдовте како ви ги брише солзите, со месеци ве слуша како се жалите и ви дава совети како да се извлечете од состојбата во која се наоѓате... Зарем не?

7-raboti-koi-najverojatno-gi-nauchivte-kako-postara-sestra-01_2.jpg

Да се биде постара сестра е неверојатна улога. Улога која на моменти знае да биде и напорна и пребрзо да ве расте, но и улога преку која учите многу.

Ако сте постара сестра сигурно научивте некои лекции:

Научивте како да делите

Кога вашата сестра/брат стигна дома, одеднаш веќе не бевте во центарот на вниманието, но тоа не ви паѓаше тешко.

Она што беше многу потешко да се поднесе беше фактот што неколку месеци подоцна моравте да почнете да ги делите вашите играчки со тој мало бебе, а потоа и слатките работи.

И, да бидеме искрени, ви требаше некое време за да се навикнете на тоа.

Имаше и малку солзи, но затоа денес не ви претставува никаков проблем за време на ручек да дадете дел од храната некому или да позајмите книга.

Почнавте да ги забележувате потребите на другите

Кога вашата сестра/брат имаше незгода, кога сфативте дека сè можеше да заврши и многу полошо и дека понекогаш навистина треба себеси да се ставите во втор план и да се реши тоа што е во моментот поважно, односно проблемот на вашиот брат/сестра.

Трпението ви стана второ име

Со оглед на разликата во години, треба ли да се напомене колку нерви ви се потрошија за време на вашите тинејџерски години кога едноставно сакавте мир и самотија, а вашата сестра/брат сакаше да си игра и секогаш да биде со вас?

Или колку друштвени игри засекогаш изгубија некое парче, а облека од орманот чудесно исчезнуваше? Или колку прашања ви беа поставени?

Но, токму тоа ве научи на трпение како ништо друго.

Дури и денес, некои се чудат колку трпение имате за децата и како и деца кои никогаш порано не ве виделе веднаш ве засакуваат.

Сфативте дека животот не е секогаш праведен

Пречесто слушавте „Пушти ја/го, таа/тој е мал/а“... Не ви беше јасно зошто некој би требало да има предност само затоа што е помлад, затоа што тоа ни тогаш, ни сега не ви има логика.

Но, од денешна перспектива, ви помогна полесно да се справувате со сите неправди на кои наидовте подоцна во животот.

7-raboti-koi-najverojatno-gi-nauchivte-kako-postara-sestra-02_2.jpg

Научивте да пренесувате знаење и вештини

Како што растеше сестра ви/брат ви и тргна на училиште, се покажа дека на неа/него можете и тоа како да ги вежбате вашите, очигледно вродени, наставнички вештини.

Ѝ помагавте со пишување на првите домашни задачи, ја испрашувавте за тестови, вежбавте странски јазици со неа.

Тимската работа ви стана секојдневие

Кога треба да се добие нешто од родителите, две глави се попаметни од една. Тоа добро го знаевте и вие, кои со годините станавте вистински мајстори за преговори, било да се работи за нова облека, за излегување на сладолед или за вдомување милениче.

И тоа ве научи како да работите во тим, како најдобро да ги искористите силните страни на другата личност за постигнување на заедничка цел и како да се надополнувате меѓусебно.

Добивте вистинска поддршка

Имавте огромен проблем и иако со некои пријатели повремено зборувавте за тоа, никој од нив никогаш не ја виде вистинската длабочина на состојбата, неизмерната тага, чувството на безвредност, рушењето на светот каков што го познававте, освен вашата сестра/брат.

Таа/тој ви ги бришеше солзите, со месеци ве слушаше како се жалите и ви даваше совети како да се извлечете од состојбата во која се наоѓавте.

Одеднаш пред вашите очи беше човек полн со емпатија, разбирање и поддршка.

И покрај сите недоразбирања што сте ги имале низ годините, во тој момент го сфативте вистинското значење на вашиот однос.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смешни, тажни и емотивни работи за кои никој не ве подготвува кога ќе добиете дете, според родители „Никој не ми кажа дека со сопругот постојано ќе бидеме болни! Ќерка ни преку едн...
6 грешки кои родителите ги прават ненамерно (и ве оддалечуваат од децата) Не дозволувајте вашето расположение да влијае на односот со дететo, не правете н...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
Акушерка од Србија: „Правила за посета на новороденче – не седете предолго на гости, измијте раце, н... „Тажно е што уште треба да се потсетуваме на вакви основни работи“, „Ова се прав...
„Зборувај повеќе“ и уште 4 работи што НЕ треба да му ги каже на интровертно дете Интровертноста не е срамежливост – постојат и екстроверти кои се срамежливи. Зат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg