9 работи кои секој родител на тодлер мора да ги прочита

Тодлерите често знаат да бидат преинтензивни, па ги нарекуваме ужасни, разгалени, па дури и на моменти неподносливи. А всушност тие се само мали луѓе кои го учат светот за првпат. Работи кои секој родител мора да ги знае за нив...

9-raboti-koi-sekoj-roditel-na-todler-mora-da-gi-prochita-za-da-go-razbere-svoeto-dete-01.jpg

Џесика Вандервиер од Канада е лиценциран психотерапевт, мајка на три деца и основач на платформата „Nurtured First Parenting“.

Таа е позната по нејзиниот пристап кон родителството заснован на емпатија и длабоки психолошки анализи.

Преку својата работа, Џес им помага на родителите да ги разберат и поддржат своите деца, особено во предучилишната возраст, со фокус на емоционалната интелигенција, регулирањето на емоциите и градењето на здрави семејни односи.

Џес е активна на социјалните мрежи, каде што споделува практични совети за поддршка за родителите.

Таа сега дава корисни совети за периодот кога децата се во фаза на тодлери.

Тодлери се мали деца на возраст помеѓу 1 и 3 години.

Taa вели: „Како психотерапевт и мајка на три деца, еве неколку работи што сакам сите да ги разберат за малите деца (тодлери)“:

Малите деца гледаат во вас како пример за однесување.

Ако вие викате и тие ќе викаат, уште повеќе. Но, ако им ја покажете вашата смиреност, ќе видите повеќе смиреност и од нив.

Малите деца имаат тантруми затоа што нивниот мозок сѐ уште не знае како да ги регулира емоциите.

Тие не се „лоши“, туку едноставно немаат вештини сами да се смират.

Единствениот начин на кој малите деца учат нови вештини е преку вежбање додека се смирени, заедно со вас.

Казнувањето е бескорисно. Ако сакате да го научите вашето дете да го допира бебето со нежни раце - вежбајте го тоа заедно.

9-raboti-koi-sekoj-roditel-na-todler-mora-da-gi-prochita-za-da-go-razbere-svoeto-dete-02.jpg

Малите деца имаат потреба од игра.

Играта е нивниот начин да го поминат денот, да учат како да решаваат проблеми и да го разберат светот околу себе. Играта МОРА да биде приоритет за малите деца.

Малите деца имаат длабока потреба да се чувствуваат видени.

Самата радост за нивното присуство или играње на нивната омилена игра значи сѐ за нив.

Постојат чувствителни деца кои почесто ќе имаат тантруми.

Тие полесно се преоптоваруваат и им е потребен повеќе одмор и пауза. Тоа е сосема во ред.

Работете заедно со вашето дете на неговиот темперамент.

9-raboti-koi-sekoj-roditel-na-todler-mora-da-gi-prochita-za-da-go-razbere-svoeto-dete-03.jpg

Малите деца понекогаш можат да ве преоптоварат затоа што тешко ги контролираат емоциите.

На пример: ако сакаат да го бакнат бебето на вашата пријателка, едноставно не можат да се воздржат.

Малите деца имаат потреба од одмор.

Одмор не значи само спиење, туку и можност да постојат без барања, обврски и стимулации. Здодевните денови се одлични за малите деца.

Малите деца често имаат лоша репутација дека се разлигавени.

Често ги нарекуваме ужасни, разгалени, па дури и на моменти неподносливи. А всушност тие се само мали луѓе кои го учат светот за првпат.

Покажете милост и разбирање кон вашето дете, а и кон себе...

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
10 совети како да израснете независни деца (ќе ви бидат благодарни еден ден) Поттикнете ги да преземат предизвици, дури и кога постои реална можност за неусп...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....

Најчитани неделава