„Врескаш од бес, оптоварена од обврски, а тој си лежи, си гледа фудбал и си пие пиво - и да, го мразиш“

„Знам како изгледа тоа. Во главата ти врие. Во телото - грч. На јазикот - милион неизговорени зборови. А во очите - поглед кон сопругот кој 'ништо не гледа', додека ти умираш внатре во себе. Лута си. Го мразиш. А тој си гледа фудбал и пие пиво...“

vreskash-od-bes-optovarena-od-obvrski-a-toj-si-lezhi-si-gleda-fudbal-i-si-pie-pivo-i-da-go-mrazish-01.jpg

Антонија Домовиќ од Хрватска е мајка, воспитувачка и терапевт, со повеќе од десет години искуство во работа со деца и родители.

Таа преку својот Инстаграм профил @maminasveznalica споделува совети за родители кои сакаат да развијат свесен и поврзан однос со своите деца.

vreskash-od-bes-optovarena-od-obvrski-a-toj-si-lezhi-si-gleda-fudbal-i-si-pie-pivo-i-da-go-mrazish-03.jpg

Една од нејзините објави ќе допре до речиси секоја жена:

„Ако гледаш во него, додека лежи на каучот и се „кара“ со телевизорот, затоа што неговиот фудбалски тим губи и си мислиш: „Блазе си му... Да го имам барем на еден ден неговиот мозок“... Тогаш продолжи да читаш.

Додека ти си преоптоварена со обврски, додека правиш мултитаскинг помеѓу тантрумите, ручекот и сопствената грижа на совест, ти гледаш во него, а тој? Ништо!

Мирен. Опуштен. И дури ужива со нозете на столче и пивото во рака.

И сè во тебе вреска.
И го мразиш поради тоа.
И се мразиш себеси затоа што го чувствуваш тоа.

Но, вистината е.
Не си прашала.
А и да си, не си му дозволила.
Не си му дала простор.

Затоа што ти сè знаеш подобро.
Затоа што твој стандард за добро извршени домашни обврски е начинот на кој ти готвиш, ти переш, ти пеглаш, ти чистиш, ти ги воспитуваш децата и тој е единствено исправен.

И сега, кога си на работ, се прашуваш - зошто тој не помага? Зошто не гледа? Зошто не чувствува?

А тој одамна се откажал затоа што си му (а и на себе) рекла: „Подобро јас самата да го направам тоа“.

Но, ти не сакаш сè сама. Ти врескаш во себе: „Биди тука. Види ме. Помогни ми. Прегрни ме. Земи дел од мојов хаос!“

vreskash-od-bes-optovarena-od-obvrski-a-toj-si-lezhi-si-gleda-fudbal-i-si-pie-pivo-i-da-go-mrazish-02.jpg

Но, не знаеш како назад.

Како повторно да го викнеш, откако го истурка.
Како повторно да го сакаш, кога во тебе горат замерките за неговото однесување.
Како повторно да бидеш жена, кога на прво место ти се децата, затоа што првенствено си мајка.

Мораш да научиш да престанеш за врескаш и да комуницираш зрело, а не понесена од болката.

Да си простиш себеси и да научиш дека љубовта не е да издржиш, туку да ти е убаво.
Да престанеш да бидеш жртва и куќна помошничка и одново да бидеш партнерка.

И запомни...

Ти, не си лоша жена затоа што чувствуваш лутина.
Не си лоша партнерка затоа што ти е доста од сè.
Не си неуспешна затоа што си презела сè на себе.

Едноставно, не си научила поинаку.

Мора да научиш да бидеш мајка која не ја носи целата куќа на грбот - туку носи и мир во срцето“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Би сакала еден ден мојот син за мене да каже: „Викаше многу, не готвеше сјајно, но го сакаше животот... „Мајка ми се трудеше секој ден да знам дека сум сакан, без разлика што (не)права...
Загрижувачки сведоштва на мајки: „Син ми (8) е зависен од неговиот таблет – еднаш ме удри кога му го... „Ако му го одземам таблетот, се претвора во чудовиште, почнува да вика, да клоца...
„Не, сине, ништо не ми должиш, оди слободно по својот пат (нека не те плаши мојата старост)“ Мајчинството не е договор, ниту долг, тоа е бескрајна љубов која не бара ништо з...
Моќна порака од македонска мајка: „Порано било полесно – сега титкаат групите на Вибер, бираш од как... „Не е дека било толку полесно. Ама нивниот ум, веројатно бил многу потивок. Доде...

Најчитани неделава