„Сопругот побара старателство за кучето, а децата ми ги остави мене“: Неверојатни приказни за разводи

„Со поранешниот сопруг 3 пати се мажев и 3 пати се разведував. Прво тој ме изневери. Не можев да му простам, па поднесов барање за развод. Се сретнавме по некоја година, сфативме дека се сакаме, па се венчавме вторпат. Овој пат јас го изневерив, па пак се разведовме“.

soprugot-pobara-staratelstvoto-za-kucheto-a-decata-mi-gi-ostavi-mene-neverojatni-prikazni-za-razvodi-01.jpg

Разводот не е никогаш лесен. Доказ за тоа се луѓето од цел свет, кои поминале низ голгота и лоши искуства кога се разведувале од оние што некогаш им биле сè во животот.

Дел од нив ги споделија своите искуства поврзани со разводот на социјалната мрежа Quora - неочекувано барање за развод, чудно однесување на саканите, поддршка од луѓе од кои не ја очекувале, навреди, нецивилизирано однесување...

Ова се само дел од искуствата на луѓето кои се развеле:

„Со сопругот двајцата сакавме дете, разговаравме за тоа уште додека бевме во врска. Четири години бевме во брак пред да останам бремена, а пред 6 месеци родив прекрасно девојче.

Животот не ни се смени многу, но се смени неговото однесување. Пред неколку недели дојде и ми кажа дека поднел барање за развод. Се шокирав.

Додека бевме во брак, не комуницирав многу со свекрвата, но еден ден таа дојде на врата и ми рече: 'Не можеш да бидеш сама со детето. Дојди да живееш кај мене, со свекорот ќе ти помагаме околу ќерката'.

Ова ме изненади уште повеќе, затоа што мислев дека ќе застане на страната на синот. Но, не беше така.

А кога го прашав сопругот зошто сака да се разведеме, ми рече: 'Избрзав, не сум спремен за дете'.

soprugot-pobara-staratelstvoto-za-kucheto-a-decata-mi-gi-ostavi-mene-neverojatni-prikazni-za-razvodi-05.jpg

„Кога се разведувавме со сопругот, ми рече дека сака да го земе кучето и да се грижи за него, бидејќи го купивме заедно, а јас да го земам дома повремено и така да ја делиме одговорноста за него.

Тоа и немаше да е толку трагично ако се понудеше да се грижи и за нашите две деца.

Нив ги остави со мене, не ги зема кај него дома, ги посетува еднаш-двапати во годината, не им се јавува, ниту мене ме прашува како се, но плаќа алиментација за нив на време.

А бившиот единствено ми пишува повремено да ме праша како е кучето, зашто на крајот не му дозволив да го земе“.

soprugot-pobara-staratelstvoto-za-kucheto-a-decata-mi-gi-ostavi-mene-neverojatni-prikazni-za-razvodi-02.jpg

„Се разведов по 11 години брак, а потоа запознав жена која е исто така разведена, но таа била мажена 17 години.

Откако се венчавме, поранешните роднини на сопругата (оние од страната на нејзиниот поранешен сопруг) почнаа да ни се јавуваат, да нè канат на гости.

Во еден момент го запознав и нејзиниот поранешен сопруг, и колку и да звучи чудно, сфатив дека е пријатен човек.

Се зближив и со него и со неговото семејство и сè уште се дружиме“.

soprugot-pobara-staratelstvoto-za-kucheto-a-decata-mi-gi-ostavi-mene-neverojatni-prikazni-za-razvodi-04.jpg

„Моја пријателка се разведе по 8 години брак. Барањето за развод го поднел нејзиниот сопруг, кој е стоматолог, откако дознал дека таа оди на друго место на забар.

Тој работи во приватна клиника во која нема попуст ни за семејството на вработените, а таа отишла во државна ординација за да заштеди пари.

Но, тој го сфатил тоа толку трагично, што откако ѝ кажал дека сака да се разведат ѝ рекол и дека немал да ја остави ако си нашла љубовник, но тоа што има друг стоматолог е понижување за него“.

soprugot-pobara-staratelstvoto-za-kucheto-a-decata-mi-gi-ostavi-mene-neverojatni-prikazni-za-razvodi-03.jpg

„Со поранешниот сопруг 3 пати се мажев и 3 пати се разведувавме. Прво тој ме изневери. Не можев да му простам, па поднесов барање за развод.

Се сретнавме по некоја година, сфативме дека се сакаме, па се венчавме вторпат. Овој пат јас го изневерив, па пак се разведовме.

Кога се сретнавме една година потоа, почнавме да се допишуваме и некако, пак стапивме во брак. Но, сфативме дека веќе не сме истите луѓе. И третиот развод беше неизбежен.

Неодамна ми беше роденден, а тој ми прати букет со картичка: ‘Што мислиш да пробаме пак?’. Да бидам искрена, не би ми пречело да сум пак заедно со него“.

Прочитајте и „Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни приказни за разводи

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg