Вистинските мажи не плачат!

Како родител на дете кое спортува бев сведок на спортски настан на кој едно момче соочено со поразот и големиот притисок  од натпреварот се расплака. Во тој момент наместо да добие утеха, прегратка, охрабрувачки пораки да не се грижи дека  и од поразот може да научи неговите родители исполнети со гнев му искоментираа ајде доста плачеш како женско, биди маж не плачи.“ Момчето во тој момент уште повеќе се вознемири, растревожи, принудено стресот да го задржи во себе.

vistinskite-mazhi-ne-placat-01.jpgфото: pexels.com

За жал ова е тенденција во нашето општество, широко распространета предрасуда во многу балкански домови, уште од најрана возраст.

Изговорена често со добри намери, оваа реченица всушност е една од најштетните пораки која што може да му се пренесе на едно дете. Со која не само што му се спречува да изрази сосема природна емоција, не му дозволуваме на нашето дете да биде човечко суштество, и на таа возраст го туркаме да глуми нешто што не е, велат психолозите.

Децата, особено момчињата кога им кажуваме да не плачат, да не се жалат, да бидат „силни“, ние не ги учиме на храброст, туку ги учиме да потиснуваат чувства.

Психолозите истакнуваат дека потиснатите чувства не исчезнуваат, туку се претвораат во анксиозност, бес, тага што нема каде да се изрази, па се враќа како бумеранг во облик на агресија, затвореност, или ментално страдање.

Според бројни психолошки студии, токму мажите што растеле со пораки од типот „не плачи“ имаат поголеми тешкотии во искажување емоции, во меѓучовечките односи, па дури и во родителството.

Ако сакаме емоционално здрави деца без разлика на полот мора да им дозволиме да чувствуваат, да изразуваат чувства и да зборуваат. Да ги поттикнеме да се искажат за нивната тага, за нивниот страв, да ги слушаме, без да ги замолчуваме со „ништо не ти е“, истакнуваат психолозите.

Предрасудите не се добри, тие не влечат надолу, не обеспокојуваат, не не поттикнуваат да прифаќаме различности, индивидуализам....Едно дете, маж, возрасен човек ако заплаче тоа не значи слабост, туку напротив,  длабоко емотивна личност која се грижи и покажува емоции. Само оние што знаат да се справат  со своите емоции, можат да  се справат и  со светот околу себе.

Машкоста не се мери во број на стегнати заби и задржани солзи. туку во способноста да се биде човек. Да се има храброст да се признае болката, да се покаже емпатија, да се слушне другиот.

Ако сакаме поинакво општество, мора да почнеме од дома. Од моментот кога ќе му кажеме на нашето момче: „Ти си доволно храбар и кога плачеш. Затоа што вистинските луѓе чувствуваат.“ Можеби е време да престанеме да воспитуваме „вистински мажи“ и да почнеме да воспитуваме вистински луѓе.

Поттикнати од кампањата на Македонски Телеком #НаправиМесто, која повикува на отвореност и меѓусебно разбирање, а која оваа година е фокусирана на надминувањето на предрасудите, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за вести и приказни кои ги надминуваат предрасудите и ги рушат бариерите.

Би можело да ве интересира:

Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...

Најчитани неделава