„Само што се омажив, престанете да ме прашувате кога ќе имам деца“
Секако, тоа не е ничија работа освен моја и на сопругот и тоа е нешто за кое често и отворено разговараме.
Но, барем тоа прашање ја признава автономијата што ја имам врз своето тело и сопствените избори.
Не претпоставува дека затоа што сум мажена, мора веднаш да сакам дете.

Јас ги сакам децата. Станав тетка кога имав 6 години, а внуците на мојот сопруг, кои сега имаат 6 и 2 години, ги знам од нивното раѓање. Љубовта што ја чувствувам кон нив е бескрајна.
Да ги гледам моите пријателки како стануваат мајки и нивните деца како се развиваат во мали личности со свои интереси е една од најголемите привилегии на моето созревање.
Но, исто така знам дека родителството носи огромни лични жртви и ризици и сигурно некои ќе мислат дека ова е себично, но тоа не е одлука што ја сфаќам лесно.
Работев напорно за животот што го имам, за мојата кариера, за пријателствата, за мојот брак и за моето ментално здравје.
Да се трудиш за тие работи значи и да ја признаеш нивната кршливост. Додај бебе во тоа и сè станува уште понестабилно.
Причините зошто некој можеби нема деца се многубројни и сложени, од финансискиот товар до проблеми со плодноста.
Некои, како јас и сопругот, едноставно уживаат во тоа да бидат во брак.
Паровите без деца имаат двоен приход, спијат по 8 часа, патуваат, танцуваат со своите миленици низ домот и едноставно уживаат во непрекинатото време заедно.
За сега, тоа совршено ни одговара на мене и на мојот сопруг“.
С. С. | Црнобело