„Само што се омажив, престанете да ме прашувате кога ќе имам деца“

„Стапувањето во брак е прекрасно. Но, постојат и неколку благо иритирачки работи во врска со започнувањето на брачниот живот. Пред сè, бројот на луѓе кои мислат дека е во ред да прашаат кога ќе имате бебе“.

samo-shto-se-omazhiv-prestanete-da-me-prashuvate-koga-kje-imam-deca-01.jpg

Али Пентони е новинарка во магазинот „Glamour“ која вели дека иако стапила во брак сè уште не сака да има деца.

Таа вели дека со сопругот ги иритира што сите постојано им го поставуваат прашањето: „Кога деца?“...

Па, на темата вели:

„Стапувањето во брак е прекрасно.

Но, постојат и неколку благо иритирачки работи во врска со започнувањето на брачниот живот.

Пред сè, бројот на луѓе кои мислат дека е во ред да прашаат кога ќе имате бебе.

Јас и мојот сопруг се венчавме летово. Сè уште смируваме впечатоци, а веќе сум прашана за деца, барем десетина пати: од типот на „Ти си следна?“ или „Кога планирате?“, обично со поглед кон некоја трудница до директното „Па, размислувате ли да имате дете наскоро?“...

Како 33-годишна жена, опкружена сум со бебиња. Моите пријателки имаат бебиња.

Оние што немаат - зборуваат дека сакаат. А оние што не сакаат - премногу се исплашени од општествена осуда за отворено да зборуваат за тоа.

Одеднаш, мали бебиња во преголеми колички се насекаде. Има реклами за пелени и апликации за следење на доењето по некоја иронична алгоритамска логика на ѕидот на мојот Фејсбук профил.

samo-shto-se-omazhiv-prestanete-da-me-prashuvate-koga-kje-imam-deca-02.jpg

Со оглед на моите години, можеби ќе речете дека има смисла.

Според медицинските стандарди, јас се приближувам до „напредната возраст за мајчинство“ (или „геријатриско мајчинство“), што е дефинирано дека стартува на 35 години.

Но, ако се земе предвид дека жените сè повеќе избираат да создадат семејство подоцна (доколку воопшто), зошто сè уште претпоставуваме дека секоја жена мора да сака да роди дете?

Најголемата причина, се разбира, е затоа што да се биде мажена и да се стане мајка е „стандардниот модел“, што општеството ѝ го наметнува на жената.

Да бидам јасна (и во случај мајка ми да го чита ова): Не велам дека нема еден ден да тргнам по тој пат.

Но, да се претпоставува дека веднаш сакам бебе само затоа што сум сега во брак и имам матка, ги поништува сите други аспекти што ме прават личност.

Како да сум целосна, како да заслужувам признание за женственост, само кога ќе станам мајка.

Прашањето кое никогаш не ми е поставено е: „Дали навистина сакаш деца?“

Можеби тоа е малку непријатно прашање, но би ми се допаднало повеќе.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава