„Ти на Инстаграм гледаш магична семејна фотографија, а јас и маж ми се испокаравме на патувањето со двете деца“
„На патувањето со двете мали деца јас и мојот сопруг не се допревме, не зборувавме и немавме никаква поврзаност бидејќи бевме толку зафатени со децата. И додека на Инстаграм ставаме слатки моменти и магични сцени, во позадина 10 секунди подоцна врескаме, се караме и има плачење...“

Рини Фреј е мајка на две мали деца од Канада која со своите 630.000 следбеници на Инстаграм постојано искрено зборува на многу теми oд мајчинскиот живот, а сега сподели и како навистина изгледаат патувањата со две мали деца.

Таа вели дека она што ни се сервира на Инстаграм е лага, односно дека работите не се така совршени како што се преставени на Инстаграм.
Рини прави споредба со нејзините лични искуства од патување, што прикажува на Инстаграм, а што всушност се случува во позадина.
Нејзината објава:
„Социјалните мрежи се лажни
Она што го гледаш vs. она што навистина се случи на нашето патување со 2 мали деца

Она што го гледаш: Сладок момент на поврзување во авион.
Она што не го гледаш: Ќерка ни толку многу врескаше за време на летот што на крајот заспа во неговите раце.

Она што го гледаш: Убав момент покрај базенот.
Она што не го гледаш: Децата почнаа да се караат 60 секунди подоцна и на крајот сите врескавме.

Она што го гледаш: Магична семејна фотографија.
Она што не го гледаш: Јас и мојот сопруг не се допревме, не зборувавме и немавме никаква поврзаност низ целиот пат бидејќи бевме толку зафатени со децата. Ми недостигаше, иако беше таму.

