„Мајкички, престанете со ‘нежното родителство’, мојот син го растам како во минатото - без лигавење и скапи играчки“
„Престанете со опсипување на децата со скапи играчки и активности, бидејќи децата бараат љубов, не богатство. Плус досадата е добра затоа што поттикнува креативност. Дајте им тенџере, дрвена лажица и картонска кутија и доволно им е...“

Анет Келоу од Велика Британија е мајка со специфичен винтиџ моден стил, но и интересни навики.
Таа вели дека дека синот Феникс (7) сака да го расте како што родителите порано ги растеле децата.
Анет споделува зошто се одлучила за ова:
„Додека бев бремена една постара колешка ми даде книга од 1950-тите со наслов „Mothercraft“ и ми кажа „Ќе ти треба ова. Стариот начин е најдобриот начин“.
Книгата е прирачник за родителство напишан од акушерката Мери Мартин во 1950 година.

Стара е навистина, но вреди затоа што ги охрабрува родителите да не растат разгалени деца, туку да имаат строг пристап кон нив.
За разлика од денешните „нежни мајкички“, кои чувствуваат обврска да ги забавуваат децата 24/7, мајките кои ја следеле оваа ретро библија за родителството имале директен, бескомпромисен пристап.
Кога бев бремена со мојот син, кој сега има седум години, бев целосно збунета од преголемата количина информации за родителство онлајн, вклучувајќи несакани совети на социјалните мрежи од квази-експерти.

Главната порака беше дека мора да направиме сè што е во наша моќ за да не им ги „оштетиме“ умовите на нашите деца, а релативно новиот феномен „нежно родителство“ беше масовно промовиран.
Трендот на нежно родителство сугерира дека треба да ги носиме бебињата околу врат 24/7, да ги нишаме за да заспијат и да ги држиме додека спијат.
Нежното родителство, исто така, го оправдува однесувањето на детето кое некогаш би било сметано за неоправдано и прогласено како непослушност.

Сето ова направи да се плашам од мајчинството, а читам дека книгата „Mothercraft“ упорно вели: „Децата треба да бидат радост, а никогаш товар“.
Одлучив строго да ги следам винтиџ правилата со мојот син.
Првото правило беше да се остави бебето да спие надвор како во Шведска, каде родителите им дозволуваат на децата да спијат надвор на студено, верувајќи дека свежиот воздух го зајакнува имунитетот.
Денешните мајки веруваат дека нишањето и држењето на бебето со часови е врв на поврзаноста.
Искрено, идејата да држам бебе додека спие ми звучи како блага затворска казна. Како би завршила нешто во домаќинството?