Мајка од Србија со моќен потсетник за родителите кои постојано „висат“ на телефон: „Детето забележува“
„Ако скролате на телефонот додека си играте со вашето дете, несвесно го терате да мисли дека тоа не е доволно интересно за вас и дека екраните се позабавни од него“.

Катарина е мајка од Србија што на својот инстаграм профил Zbunjena mama честопати споделува совети за другите родители.
Во една од нејзините објави, таа се фокусира на проблем што ни е добро познат на сите – минување премногу време на телефонот.
Катарина ги споделува знаците дека можеби минувате премногу време на телефонот, но и како тоа се одразува на вашите деца.
„Ова го пишувам од лично искуство, бидејќи деновиве потребен ми е тој потсетник. Ако не се пронаоѓате во ова, не замерувајте и продолжете понатаму.
Едноставно, некогаш има денови кога посегнувам по телефонот почесто отколку што сакам или мислам дека треба.
Одговарам на пораки на кои не мора во тој момент, додека некој мој мил ме чека.
Се нервирам бидејќи уште едно ’мамо, види го ова‘, ми го прекинува текот на мислите додека читам нешто важно.
Ова не е бидејќи не ги сакаме своите деца или сакаме да бидеме немарни. Туку затоа што не знаеме повеќе како да останеме присутни кога ни е премногу од сè. Па дури и од совети за тоа како да бидеме присутни.
Ова не го пишувам за некој од нас да се чувствува лошо.
Не, ова е само повик да се освестиме, да го оставиме телефонот и да уживаме во судирањето автомобилчиња бидејќи еден ден, кога ние ќе сакаме да бидеме во животот на своите деца, тие ќе висат на телефонот и ќе бегаат во тој свет, а ние ќе немаме право да им кажеме дека тоа не е во ред“, стои во описот на објавата.
Кои се шесте знаци дека минуваме премногу време на телефонот и каква порака добиваат децата со тоа?
1. Го носиме телефонот секаде со себе
Дури и во тоалет, веќе не ни размислуваме за тоа. Тој е секогаш тука.
Што учат децата од ова?
„Телефонот секогаш ти е потребен. И кога си сама и кога си во друштво“.
„Нормално е телефонот да е секогаш со тебе“.
„Веројатно и мене ќе ми треба постојано“.
2. Скроламе додека си играме со децата
Тука сме… но реално мислиме дека не сме. Ни подаваат играчки, ние кимнуваме со главата без да ги погледнеме.
Што учат децата од ова?
„Мама е тука, но како да не е“.
„Можеби не сум доволно интересен“.
„Екраните се сигурно поинтересни од мене“.
3. Бегаме во телефонот кога сè ни е премногу
Врева. Неред. Обврски. И само исчезнуваме во телефонот.
Што учат децата од ова?
„Кога е тешко, го земаш телефонот“.
„Мoжеби јас сум премногу за мама и затоа ѝ е потребна пауза“.
„Едвај чекам да имам телефон и да побегнам кога ќе ми биде тешко“.
