Мајка од Србија со моќен потсетник за родителите кои постојано „висат“ на телефон: „Детето забележува“
4. Цел ден велиме „само секунда“
„Само минута“. И таа минува често станува половина час или никогаш не се случува.
Што учат децата од ова?
„Телефонот секогаш има предност“.
„Мoжеби барам премногу“.
„Не сум доволно важен“.
5. Гневни сме кога ќе нè прекинат додека гледаме во телефонот
Не сме им лути. Нервниот систем веќе ни прегорел. Изложени сме на многу информации. Но, тие ги чувствуваат последиците од тоа.
Што учат децата од ова?
„Мама се лути ако ѝ сметам додека е на телефонот“.
„Телефонот те прави нервозен“.
„Подобро да молчам“.
6. Телефонот е тука на масата, пред спиење, во автомобилот
Во моменти кои би можеле да нè поврзат.
Што учат децата од ова?
„Баш и не зборуваме кога сме заедно“.
„Мама почесто му се смее на телефонот отколку мене“.
„Телефонот е составен дел од нашиот живот“.
Ние неретко мислиме дека:
- само проверуваме порака
- само кратко да одговориме
- само да догледаме уште едно видео за малку да одмориме.
Но, ако телефонот сè почесто го добива вашето присуство отколку децата, тогаш ги учите дека:
- љубовта значи да се биде полу-присутен
- за внимание треба да се борат со екранот кој често е поинтересен од сè околу нив
- реалниот свет не е толку интересен.
„Ова не е напад! Ова е огледало и потсетник за мене, а можеби и за тебе.
Бидејќи ние не сме лоши родители. Само сме уморни. Секојдневно мислиме за милион работи.
И телефонот често е единственото нешто кое во тој момент не бара ништо од нас. Ве разбирам. И јас се чувствувам така“.
Спирова С. | Црнобело
