„Ќерка ми трпеше болка во стомак за да не нè загрижува – заврши на итна операција со пукнато слепо црево“

Исповед на мајка од Србија со моќен апел до родителите: „Итна операција, без најава што се случило. Ја болеше стомак. Со денови... Таа трпеше болка долго, а потоа ја видов дека се движи бавно и не може да се исправи – ја однесовме во болница. Нема поголема казна. Родители, набљудувајте ги децата!“.

kjerka-mi-trpeshe-bolka-vo-stomak-za-da-ne-ne-zagrizhuva-zavrshi-na-itna-operacija-so-puknato-slepo-crevo-01.jpg

Ивана Мијиќ е мајка од Србија која има 4 деца, а на Инстаграм редовно го споделува секојдневието со нив.

Цело семејство се вљубеници во патувања и авантури на отворено, а посебно го сакаат летото поминато на грчките плажи.

kjerka-mi-trpeshe-bolka-vo-stomak-za-da-ne-ne-zagrizhuva-zavrshi-na-itna-operacija-so-puknato-slepo-crevo-02.jpg

Сега, таа сподели исповед за една непријатна ситуација која ја имале со најстарата ќерка, а како апел за другите родители да внимаваат и да не им се случи истото или полошо.

Нејзината исповед гласи:

„На денешен ден пред 4 години, седев пред операционата сала во која беше моето најстаро дете. Итна операција, без најава што се случило.

Ја болеше стомак. Со денови... под папокот, така го опиша тоа. Трпела болка бидејќи за неа била поднослива, а на скала од 1 до 10, била 12.

Молчела затоа што сите бевме загрижени за претстојната операција на нејзината помлада сестра. И трпела... а потоа ја видов.

Видов дека се движи бавно. Дека не може да се исправи. Отидовме во болница.

kjerka-mi-trpeshe-bolka-vo-stomak-za-da-ne-ne-zagrizhuva-zavrshi-na-itna-operacija-so-puknato-slepo-crevo-03.jpg

Времето поминато пред таа операциона сала е најголемата казна за секој родител. Нема поголема.

Руптура на слепо црево. Со денови одела со содржината од слепото црево замотана во стомачната марамица... и молчела.

Мислела дека е воспаление на стомачни мускули од теретана.

Родители, набљудувајте ги децата. Некогаш молчат и трпат преголеми работи. А некогаш тоа може да ги чини живот.

Ена, среќен нека ти е денот кога се роди по вторпат!“

Повеќе забавни видеа од семејството на Ивана:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
Кога децата ќе пораснат мајката се моли Бог да го чува она што таа веќе не може Децата сега се возрасни. Имаат свој пат по кој треба да одат, свои грешки што тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg