„Јас сум традиционална сопруга и живеам преубаво - жените ќе бидат посреќни ако му се посветат на домот“
„Јас сум верник и, според Библијата, верувам дека жената е создадена да биде срцето на домот, па така јас готвам, чистам, месам леб и печам колачиња, а маж ми заработува... И пресреќни сме!“

Џејн Елизабет (26) од САД стапила во брак со сопругот Остин (23) пред две години и веднаш ја презела традиционалната улога на домаќинка, посветувајќи го своето време на готвење, чистење и грижа за нивниот заеднички дом.
Taa се посветила исклучиво на домаќинството, а нејзиниот сопруг Остин е музичар со полно работно време и целосно финансиски го издржува семејството.

Бидејќи сè уште немаат деца, Џејн вели дека по завршување на домаќинските обврски има време да се посвети на јога и медитација, а ситуацијата во својот брак ја опишува како божествена.
Џејн вели:
„Да се биде традиционална сопруга за мене значи да се има традиционални вредности и традиционален брак, во кој си служиме еден на друг онака како што Бог замислил.
Таквиот начин на живот ни помага да ја зајакнеме врската со Бог, нашата меѓусебна врска, а наскоро и односот со нашите деца.

Наместо двајцата да работиме, да бидеме под притисок и постојано во брзање, благословени сме што можеме да живееме вака.
Топло би го препорачала тоа на сите што можат да си го дозволат.

Отсекогаш сум верник и, според Библијата, верувам дека жената е создадена да биде негувателка, хранителка и срцето на домот, а мажот да штити и обезбедува.
Кога се венчавме, имавме исти ставови за нашите улоги, па јас природно ја презедов улогата на сопруга која останува дома, додека тој работи и финансиски нè обезбедува“.

Па, така додека сопругот ја гради својата кариера во кантри музиката, Џејн деновите ги поминува средувајќи дома, готвејќи, купувајќи намирници и снимајќи видеа за својот живот.
По преселбата во нов дом, таа го презела и уредувањето на ентериерот за сопругот целосно да може да се посвети на работата.