„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“

„Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми недостига. Да бидам мајка ми беше најважно“, вели Кимберли Годсал (42) од Велика Британија и ја споделува својата уникатна животна приказна.

imam-7-godishna-kjerka-a-devica-sum-nikogash-ne-barav-mazh-sakav-samo-dete-01.jpg

Кимберли Годсал (42) Од Велика Британија e мајка на 7-годишна ќерка, иако е девица и никогаш немала сексуални односи.

Нејзината ќерка Скарлет била зачната со асистирано оплодување во 2018 година, кога Кимберли имала 35 години.

Таа вели дека знае дека ќе дојде време нејзината ќерка ќе ги постави сите „непријатни“ прашања. Но, малата Скарлет веќе знае дека има донор кој помогнал во оплодувањето, а не татко.

imam-7-godishna-kjerka-a-devica-sum-nikogash-ne-barav-mazh-sakav-samo-dete-02.jpg

„Скарлет знае како е направена, но сè уште не знае како се прават другите бебиња, и не мислам дека ќе можам уште долго да го одложувам тоа.

Таа е неверојатно паметна, постојано поставува прашања...

Кога ќе ѝ зборувам за сексот, ќе ѝ кажам и дека јас никогаш не сум имала. Не сакам тоа да биде тајна или нешто за кое ќе мисли дека не треба да се зборува. И сигурна сум дека, дури и да не ѝ кажам сама, таа ќе праша.

Ќе го објаснам како тоа било мој избор да не имам секс и дека сите носиме свои одлуки кога ќе пораснеме.

Можеби ќе има работи што ќе сака да ги праша, а јас немам искуство и нема да знам одговор.

Знам дека може да ми биде непријатно, но си велам дека не треба уште да се грижам. Сепак, сигурна сум дека ќе дојде и тој момент...“

imam-7-godishna-kjerka-a-devica-sum-nikogash-ne-barav-mazh-sakav-samo-dete-04.jpg

Кимберли отсекогаш била убедена дека не сака секс надвор од брак. Иако излегувала со мажи, никогаш не нашла некој со кого сакала да стапи во брак.

Се смета себеси за традиционална, замислувајќи дека нејзиниот живот ќе биде како оној на нејзината мајка и сестра, кои се омажиле млади и имале семеен живот со деца.

„Знам дека тоа е романтична слика, но од мала знаев дека сакам деца, но секс само со човекот со кој ќе се омажам.

Исто така сум прилично строга и никогаш не би прифатила некого само за да имам дете. Благодарение на модерната медицина, не морав!“

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
Хит видео: Колку е прекрасно (читај напорно) патувањето со мало дете во Рим? Мало дете кое се качува по ограда, истура вино, се прави лом со сладолед, трча и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg