„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ брак“
Не ме сфаќајте погрешно, мојот сопруг Џон не е неуредна и мрзлива личност.
За време на првата бременост имав несоница, па тој остануваше буден за да ми прави друштво. Го научи син ни Семи да вози велосипед и негова задача беше да се грижи за дворот.

Но, имаше огромна нерамнотежа помеѓу многуте обврски и одговорности и веќе не можев да го поднесам ова.
Додека средував за роденденот на ќерка ни, се присетив на момент од пред неколку години – како собирав празни кутии од пица што Џон ги оставил врз корпата за отпадоци во кујната.
Бев на деловно патување, а кога се вратив, јас ги собирав кутиите. Можеби звучи смешно, но ова не беше моја обврска.
Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам од тоа колку обврски сум преземала.

Јас ги планирав сите семејни патувања и јас се грижев за училишната униформа на децата. Јас пополнував формулари за нивните вакцини и јас плаќав за екскурзии.
Јас одгледував три деца и имав работа со полно работно време и ги правев сите работи што требаше да се завршат.
Не ни помислував на тоа дека Џон готвеше само два оброка – колбаси и леќа – додека јас имав зготвено илјадници во двете децении што бевме заедно.
Ако му речев нешто за празните кутии од пица, можеби на роденденот на ќерка ни и тој ќе станеше рано или, пак, ќе купуваше роденденски подароци за децата.
Но, наместо да го обвинувам Џон, мислам дека половина од вината е моја.

Џон не беше невнимателен, но јас сакав самиот да го види товарот што го носам и да преземе дел од него.
Не сум единствена во ваков брак. Имам пријателка која се прашува дали да се разведе, а нејзиниот сопруг нема поим за ова.
Додека оди на работа со полно работно време, одгледа две деца и се грижеше за нејзината болна мајка, но и за мајката на маж ѝ.
Дали денес очекувањата од мажите се прениски и дали ние ги направивме такви?
Четири месеци по роденденот на Ени, му кажав на Џон дека сакам развод.

Наредните неколку месеци беа тажни. Но, пред две години нашиот развод беше финализиран. Денес и двајцата сме посреќни и сме добри пријатели.
Даваме сè од себе за животот на нашите деца да остане нормален, додека двајцата се грижиме за нив. И, можеби јас сум виновна за разводот.
Можеби требаше да поставам граница и да одбивам да ги завршувам обврските кога не се поделени еднакво.
Можеби не требаше да му се заблагодарувам секојпат кога ја празнеше машината за садови или кога го местеше креветот, можеби требаше само да го очекувам тоа.
Ако бев погласна за ова, којзнае каде би биле денес.
Спирова С. | Црнобело
