Наде Молеровиќ со апел за родителите на тинејџери: „Кога последен пат ги прашавте што им се врти во главата?“

Повик за будење до секој РОДИТЕЛ и секој НАСТАВНИК:
Ајде да го смениме фокусот!
Наместо да им кажуваме што да мислат и да ги оценуваме, ајде да им ги поставиме овие клучни прашања (дома или на час):
Прашај го без да го осудиш:
„Што е она за кое најчесто размислуваш, а чувствуваш дека никој не те прашува?“
Уф какво прашање…
Ослободи го од зависноста на туѓото мислење:
„Кога би знаел дека никој нема да те оцени, казни или осуди, што навистина мислиш за ова?“
Врати му ја моќта:
„Јас го почитувам твојот глас. Што мисли ТВОЕТО СРЦЕ, а не она што мислиш дека јас како родител/наставник сакам да го слушнам?“

Да ги извадиме децата од лавиринтот на туѓите очекувања!
Наместо само да ги коригираме, критикуваме, поправаме, оправаме - ајде конечно да ги ЧУЕМЕ!
Затоа што само така се раѓаат слободни, свесни и автентични луѓе!
Што мислите вие? Дали навистина ги слушаме, или само ги моделираме по наш урнек?“
С. С. | Црнобело