20 работи кои треба да ѝ ги кажете на ќерката пред да порасне

Децата се изложени на најразлични пораки кои стигнуваат од телевизијата и останатите медиуми. Од родителите се очекува децата правилно да ги воспитуваат и и да им пренесат некои вистински вредности. Особено има некои совети кои задолжително треба да ѝ ги кажете на вашата ќерка пред да порасне!

20-raboti-koi-treba-da-i-gi-kazete-na-kerkata-pred-da-porasne-01

1.Научете ја да каже „Не“

Научете ја да разликува добри од лоши работи и да каже „Не“, како што се на пример невоспитани момци, алкохол, непристојни фотографии на Инстаграм...

2. Повеќе да се грижи за внатрешната убавина

Добро е да внимава како изгледа, како се облекува или дотерува, но никако не смее да ја запостави внатрешната убавина, манири на однесување и начин на размислување.

3. Материјалните работи нема да ја направат среќна

Нова играчка, нова чанта, нови чевли...ништо од тоа нема да ѝ обезбеди долготрајна среќа. Нешто од тоа може да се скрши, расипе, изгуби. Треба да ја научите да го цени она што го има, за да биде среќна.

4. Некои пријателки може да бидат лоши

Научете ја да биде внимателна кога ги бира другарките. Треба да знае дека девојките знаат да бидат сурови и љубоморни. Може лажно да се претставуваат како нејзини пријателки, а потоа да ѝ го завртат грбот. Затоа не треба лесно да верува на секој.

5. Вистинските пријателства се богатство

Покрај тоа што некои пријателки може да бидат себични и дволични, има и такви кои вредат цело богатство и треба да ги чува до крајот на животот.

6. Не треба да ги осудувате другите луѓе

Никогаш не треба да ги проценува луѓето според надворешниот изглед или облеката. Не може да знае какви луѓе има ако не ги запознае.

7. Градите се преценети

Додека  не им пораснат градите, тие едвај го чекаат тоа. Потоа почнуваат прашањата: дали се доволно големи, дали се премали или преголеми? Мора да знаат дека тие се дел од нивната интимност и не треба да ги ставаат во прв план.

8. Треба да се дружат со бабите

Ако имаат баби кои се сè уште живи, треба да имаат добри односи со нив, бидејќи бабата е полна со искуство и интересни животни приказни.

9. Средното училиште не е вистинскиот живот

Може да ѝ се чини дека е крај на светот ако се скара со некоја пријателка или момчето. Објаснете ѝ дека во средното училиште не се случува реалниот живот. Тој допрва следува. Често оние деца кои тогаш се најпопуларни меѓу врсниците, подоцна  не се нешто значајно, додека оние кои се повлечени подоцна повеќе успеваат.

10. Научете ја прво да се сака себе

Треба да биде свесна дека не може на сите да им се допадне и тоа е сосем во ред. Единствена личност која мора секогаш да ја сака е самата таа.

20-raboti-koi-treba-da-i-gi-kazete-na-kerkata-pred-da-porasne-1

11. Сè во свое време

Ова е многу паметна изрека која вашата ќерка треба да ја почитува. Не треба да брза за работите за кои не е доволно зрела.

12. Сексот би требало да биде забавен

Не треба да брза со почнување на сексуалните односи, туку да дозволи да се случи дури тогаш кога ќе биде подготвена. Треба да има на ум дека сексот треба да биде забавен. Ако нејзиниот партнер не се грижи за тоа како таа се чувствува и емоционално и физички, веројатно не е вистинското време или вистинскиот партнер.

13. Секој проблем има решение

Не треба да паѓа во очај и депресија кога ќе наиде на некој проблем. Нека се праша дали тоа што во моментот ја загрижува ќе ѝ биде важно и по пет минути, пет дена или пет години. Ако размисли подоцна со ладна глава, сигурно ќе најде некое решение.

14. Не треба да се споредува со другите

Секогаш ќе има некој што е поубав, побогат или попаметен, но тоа не мора да значи дека таа личност е посреќна од неа.

15. Тоа е сепак само коса

Дали ќе ја витка, исправа, плете, крати или ќе ја чува, тоа е само коса и не треба да троши прмногу време и да се нервира за неа, бидејќи часовите кои ги посветува на косата, може многу подобро да ги искористи.

16. Кул е да се биде паметен

Понекогаш може да почувствува потреба да го крие своето знаење и интелигенција. Кажете ѝ дека секогаш треба да се покажува во вистинско светло и многу попозитивно е да се прикаже како паметна, отколку како наивна.

17. Никогаш не треба да ја загуби својата личност

Целта на врските и забавите е да пронајде момче кое се сака онакво какво што е и кое ќе ја сака онаква каква што е. Не треба да се преправа дека ги сака работите кои тој ги сака. Важно е да остане своја до крај.

18. Да го кажува тоа што го мисли

Не се работи за жалење, фалење или остварување некоја цел, туку важно е ако има свое мислење за нешто или ако мисли дека некој ѝ нанесува неправда неа или на некој во околината, треба да бие храбра и гласно да се спротивстави на тоа. Треба да знае да се бори за своите права и да го брани својот став.

19.  Моќта над мажите

Еден ден ќе сфати дека таа ја има моќта над мажите, но тоа не треба да го злоупотребува и да биде сурова.

20. Секогаш ќе ја сакате

Понекогаш тинејџерките мислат дека нивните мајки не ги разбираат за некои работи, па дури и ги мразат. Но, треба да им дадете до знаење дека без разлика на спротивните мислења секогаш ќе ги сакате.

20-raboti-koi-treba-da-i-gi-kazete-na-kerkata-pred-da-porasne-2

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg