12 совети за брзо и успешно успивање на бебето

Ако никако не можете да споите неколку часа без да ве разбуди плачот на вашето бебе, не очајувајте.

12-soveti-za-brzo-i-uspesno-uspivanje-na-bebeto-1

Постојат најмалку 12 трикови кои може да ги испробате, а еден од нив мора да успее.

1. Избегнувајте контакт со очи - Последно што сакате да направите пред спиењето е да го разиграте бебето. Долгото гледање во очи е една од најстимулативните работи за новороденчето.

2. Бањање - Топлата вода во комбинација со нежно галење е одлично опуштање за било кој. Исфрлете ги играчките од кадата, зборувајте тивко и нежно со кружни движења масирајте го бебето.

3. Хранење - Ако вашето бебе е од оние кои се будат кога се гладни, најадете го пред спиење и покрај тоа што пред 1 час јадело. Тоа ќе ви даде дополнително некој час да се наспиете.

4. Испразнете го креветчето - Исфрлете сè што е непотребно. Играчките не треба да се околу бебето кога спие. Обичен покривач, мала перничка и душекот се сосема доволни за мирен сон.

5. Мирис - Бебињата лесно се успиваат од неколку капки масло од лаванда, па затоа погрижете се неговата соба да има пријатен и смирувачки мирис. Но, ароматичните масла не се препорачуваат за бебиња под 6 месеци, имајте го тоа на ум.

6. Моќта на рацете - Кога ќе го спуштите бебето во креветчето, останете таму уште неколку минути. Ставете ги рацете на неговото стомаче, на главата или пак допрете му ги рацете за да го смирите. Понекогаш, само вашата близина знае да направи чудо.

12-soveti-za-brzo-i-uspesno-uspivanje-na-bebeto-2

7. Пижами - Понекогаш дечињата се чувствителни на синтетика, па дури и пижамите може да се причината заради која се будат. Вложете во памучни пижами.

8. Одржувајте ја температурата - И самите знаете колку сте чувствителни кога ви е потопло или постудено од нормалното. Истото е и со вашето бебе. Се препорачува собната температура во која спие да биде помеѓу 18 и 21 степен.

9. Изгасете ги светлата - Не ја правете најчестата грешка - не го успивајте со вклучени светла и никогаш не ги вклучувајте ако подолго време не сака да заспие. Ставете темни завеси, оставете дискретно светло и започнете со приспивните ритуали.

10. Масажа - Бебињата и малечките дечиња побргу заспиваат со масажа отколку со читање приказни, тврди едно американско истражување. Затоа, нежно масирајте му ги рачињата, нозете и грбот, наместо постојано да му зборувате.

11. Рутина - Познато е дека ритуалите пред спиење му помагаат на детето да разбере дека времето за во кревет пристигнало. Откријте ја навиката која најмногу му одговара и придржувајте се до неа секоја вечер. Доследноста е клучот на успешноста.

12. Тивко читање или пеење - Не е важно дали ве разбира или не, дали е мало или големо, детето ќе ужива во вашиот смирен тон на гласот.

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
Свекрва се жали: „Снаата ми се јави 8 пати во 2 часа додека ѝ го чував бебето - ѝ го вратив“ Имам еден син, Марко. Оженет е со Нина и имаат бебе. Никогаш не сум криела дека ...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава