Цртежите ја отвораат душата: Дешифрирајте ги оние на вашето дете

Ако досега не обрнувавте внимание на она што вашето дете го црта, време е да го промените својот став и да ги откриете сите тајни кои детските цртежи ги кријат.

crtezite-ja-otvoraat-dusata-desifrirajte-gi-onie-na-vasite-deca-1

Боите на цртежите зборуваат многу за нивниот внатрешен свет, чувствата, мислите и сензацијата која не умеат да ја искажат вербално.

Научете да го разбирате детскиот јазик и помогнете им да се изразат, на тој начин ќе придонесете уште повеќе во нивното среќно и исполнето детство:

Нацртај ми...

Нивниот речник сѐ уште не е развиен и токму затоа дечињата најлесно се изразуваат преку боите. Како што децата растат и се развиваат, така се менува нивната омилена боја. Обрнете внимание на боите кои детето ги обожава и оние кои воопшто не ги сака. Бидејќи токму тие ги означуваат детските особини, но и нивните емотивни или физички проблеми.

Никогаш не треба да влијаете врз изборот на боите...

Децата се креативни и спонтани, а единствено што им треба е лист хартија и неколку боички. Побарајте од вашето дете да нацрта виножито, бидејќи на прво место ќе ја постави омилената боја, а дното ќе го обои со бојата која не ја сака. Боите не ги откриваат само емоциите и мислите, туку тие и предупредуваат на односот кој детето го има со родителите и околината.

crtezite-ja-otvoraat-dusata-desifrirajte-gi-onie-na-vasite-deca-2

Омилените бои кои детето ги бира...

Боите на прво и второ место ги означуваат особините кои детето моментално ги развива, а боите на последно и претпоследно место ги означуваат оние карактеристики кои одбива да ги развие и потребно му е помош околу нив.

 Црвената, портокаловата и жолтата на прво место зборуваат за слободниот и отворен карактер на детето.

Сина, индиго, виолетова...

Доколку овие бои се на последно место, тогаш станува збор за затворено, срамежливо или несигурно дете. Меѓутоа, доколку на прво место ги одбира сината, зелената, индиго или виолетовата боја тоа зборува дека има пасивен и интровертен карактер. Ако детето истовремено ги одбира топлите и ладните бои, тоа покажува дека неговата способност е во рамнотежа.

crtezite-ja-otvoraat-dusata-desifrirajte-gi-onie-na-vasite-deca-3

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg