Едно во милион: Црнкиња родила бело бебе

Кетрин Хауарт на 32 години родила потполно бело бебе, иако таа има темна боја на кожата.

edno-vo-milion-crnkinja-rodila-belo-bebe-01.jpg

Кога оваа Британка со потекло од Нигерија прв пат го видела своето бебе Џон, била изненадена.

Малечкиот Џон кој сега има 3 месеци има неверојатно бела кожа, сини очи и смеѓа коса. Ова е нешто што се случува во милион случаи.

- Бабицата погледна во мене, па во него, па повторно во мене и не можеше да им поверува на очите. Понекогаш децата дури по неколку недели добиваат темна кожа, но како што гледате, тоа не се случи кај Џон. Докторите ми рекоа дека веројатно носам некој рецесивен ген. Моите родители се од Нигерија и целото мое семејство отсекогаш било црно, тврди Кетрин.

edno-vo-milion-crnkinja-rodila-belo-bebe-02.jpg

Нејзиниот сопруг Ричард исто така бил изненаден кога го видел синчето, кое е прво дете на овој млад брачен пар.

Сепак, гордиот татко признава дека првично бил пресреќен што Џон е силен и здрав, затоа што во текот на раѓањето папочната врвца му била околу вратот.

Воопшто не се грижиме околу бојата на неговата кожа, важно е што Џон е среќно и здраво дете.

edno-vo-milion-crnkinja-rodila-belo-bebe-03.jpg

Ако имаат уште деца, тие веројатно нема да бидат бели, тврдат доктори. Бидејќи за тоа да се случи, потребно е да дојде до неверојатно ретки комбинации на гените.

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
12 фото-докази дека нашите баби и дедовци биле „фраери“ во свое време Дали ви се случило да ги разгледувате старите семејни албуми и во нив да најдете...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...

Најчитани неделава