Внуци, почесто посетувајте ги вашите баби!

Ако имате баба која живее блиску до вас, не пропуштајте ниту еден момент, туку упатете се кон нејзината куќа.

vnuci-pocesto-posetuvajte-gi-vasite-babi-01.jpg

Искористете ја прекрасната можност која, за жал, ја немаат сите ваши врсници и потрудете се што подобро да ги запознаете вашите баби.

Ако некогаш се запрашате „Зошто баш денес морам да ја посетам баба?“ потсетете се на овие 3 причини и направете добар гест.

1. Познато е дека родителите понекогаш го отежнуваат животот. Можеби безусловно ја сакаш твојата мајка, но овие неколку дена неподносливо се карате, а ни самите не знаете зошто. Со бабите е поинаку. Кога разговарате, не чувствуваш потреба веднаш да се оправдаш и не контрираш на секој нејзин коментар. Затоа, штом имаш малку слободно време, препушти се на долгите разговори со неа.

2. Колку и да ти се чини неверојатно, знај дека твојата баба некогаш била 16-годишна девојка која имала луди идеи во главата. Таа многу добро го проживеала твоето и добро знае низ што поминуваш, па може да ти понуди само мудри совети и приказни. Благодарение на богатото искуство, таа има далеку пошироки погледи отколку што знаеш. Вистина, и родителите и пријателите знаат добри совети, но ништо не може да се спореди со мудростите на баба.

3. Запамети, исто како и твоите родители, и твојата баба те сака безусловно. Што повеќе вакви лица има околу тебе, толку ќе бидеш посреќен. Затоа, возврати и ја љубовта, посети ја, разговарај, па дури и однеси и ги нејзините омилени пити и слатки кои до скоро ги подготвуваше за тебе. Тоа се најубавите спомени.

Би можело да ве интересира:

10 совети како да израснете независни деца (ќе ви бидат благодарни еден ден) Поттикнете ги да преземат предизвици, дури и кога постои реална можност за неусп...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
12 фото-докази дека нашите баби и дедовци биле „фраери“ во свое време Дали ви се случило да ги разгледувате старите семејни албуми и во нив да најдете...
„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава