Важни работи кои секој тазе татко треба да ги знае

Покрај сета таа возбуда околу дочекот на новиот член на семејството и добивање на една значајна животна улога, постојат работи кои никој нема да им ги каже на новите татковци однапред, а вреди да ги знаат.

10-raboti-koi-sekoj-novo-pecen-tatko-treba-da-gi-znae-1

Ако сте во исчекување на вашето новороденче, сигурно сте преокупирани со илјадници планови околу породувањето, растењето, воспитувањето, но мора да знаете дека работите не секогаш се одвиваат онака како што ние планираме.

Затоа, што и да правите имајте ги на ум овие 10 работи:

1. Нема да успеете да го снимите породувањето

Пред вашата жена да добие породилни болки, вие сигурно породувањето го гледавте како работа која мора да ја снимите. Но, тогаш единствено ќе сакате да се втурнете во салата за породување и да застанете покрај неа.


2. Нејзиниот стомак не исчезнува веднаш

Ќе помине време додека вашата жена да ги симне сите тие вишок килограми од породувањето. Иако мислевте дека стомачето ќе исчезне веднаш, сепак таа сѐ уште ќе изгледа како да е бремена.


3. Не е сѐ променето

Сите ви велат дека сѐ ќе се промени. И можеби веќе сѐ е ново и поинакво за вас. Но, морате да запомните: за сите останати, ништо не е променето. Можеби ќе ви биде тешко на почетокот со вашите пријатели, бидејќи тие сѐ уште го живеат истиот живот како и ден пред породувањето на вашата жена, за разлика од вас.


4. Хормоните си остануваат

Си мислевте дека заедно со породувањето ќе исчезнат сите оние лоши расположенија, но не е така. Дел од хормоните се сѐ уште во нејзиното тело, затоа не очекувајте премногу.


5. Секојдневно потсетувајте ја дека ја обожавате нејзината нова улога

Само кажете го тоа, бидејќи таа сака да го слушне. Потсетете се на она старо правило: среќна жена, среќен живот. Кажете и дека сега откако е мајка, повеќе ја сакате и цените од претходно.

10-raboti-koi-sekoj-novo-pecen-tatko-treba-da-gi-znae-2

6. Доењето е тешко

Доењето е ново за секој и на почеток умее да донесе стрес и нервоза. Но, во секој случај вие треба да ја поддржите без разлика дали таа ќе го дои бебето или ќе му даде млеко од шишенце.


7. Бебето ќе звучи како животинче

Всушност, како различни видови на животни. Вие ќе прашувате на секаде за овие звуци од медицинска сестра, па сѐ до свекрвата. Сите ќе ви го дадат истиот одговор: тоа е нормално.


8. Време за пелени

Колку и да се обидувате да се извлечете, сепак ќе мора да се научите да ги менувате пелените. На почеток ќе ви изгледа одвратно, а на крајот, повторно може ќе ви изгледа одвратно, но сепак вие сте таткото.


9. Помошта не е секогаш помош

Сите ќе сакаат да ви помогнат, а на крајот ви даваат само совети, кои вас никако не можат да ви послужат. Но, не заборавајте дека вашето бебе не е исто како сите други бебиња, ниту пак можете да се однесувате кон него како што вашата мајка се однесувала кон вас кога сте имале 1 година. Медицината и науката се менуваат, имајте го тоа на ум.


10. Одморот не е секогаш одмор

Ќе спиете тогаш кога бебето ќе спие. Кога ќе успеете да спиете 4,5 часа ноќе, тоа ќе ви биде причина за славење. Но, не грижете се за тоа. Бидејќи кога ќе го земете вашето бебе во раце и ќе почнете да се галите, ќе заборавите на сите оние будни, нервозни ноќи.

Би можело да ве интересира:

9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg