Приказна на една храбра средношколка: Зошто не абортирав, иако момчето ме убедуваше?

Не се ретки ситуациите кога девојчиња уште додека се во средно остануваат бремени, без разлика дали се во среќна врска или оставени од некој кој си поиграл со нив.

prikazna-na-edna-srednoskolka-zosto-ne-go-abortirav-deteto-iako-toj-me-ubeduvase-01

Тогаш се наоѓаат на крстопат. Исправени пред животна одлука, тие се оние кои мора да ја донесат, без разлика дали се подготвени. Кое е и да е решението еднакво е тешко за да се соочат на таа возраст. Токму таквите примери се тука за да потсетуваат дека не се единствени.

Ова е приказната на една 19-годишна средношколка:

Завршував средно училиште. Сè беше совршено. Имав момче на кое бев горда, беше и уште е една од најдобрите и најубавите работи кои ми се случиле во животот.

Таа љубов беше навистина нешто посебно, предизвикуваше воодушевување кај другите, но моравме да се соочуваме и со многу непријатни моменти и љубоморни сцени кои ни ги предизвикуваа некои од нив.

Но, од него имав ветување дека ќе ме сака денес, утре и секогаш.

Плановите за нашата врска беа големи: Ќе завршам средно, ќе се венчаме, ќе имаме семејство. Но, при еден преглед нему му беше соопштено дека е неплоден.

Не ни помислував да го оставам, некако верував дека тоа не е можно и дека има некоја грешка во резултатите.

Но, оттогаш некако наеднаш се сменија работите во нашиот однос. Почнаа почести кавги, навреди и лутења. Се разделувавме, но повторно се смирувавме. Љубовта беше посилна од сè.

Тој често посакуваше да биде татко и беше разочаран од резултатите. Но, јас верував во нешто друго.

За среќа, токму тоа се оствари. По некое време дознав дека сум трудна. Немаше посреќен момент од тој кога дознав. Не очекував толку рано, сепак бев среќна што сум во право.

prikazna-na-edna-srednoskolka-zosto-ne-go-abortirav-deteto-iako-toj-me-ubeduvase-1.jpg

Но, веќе во следниот момент, кога му соопштив него, бев скршена од болка. Неговата реакција беше ужасна. Почна да објаснува како сакал, но не сега, не е подготвен да биде татко, има време, па дури почна да ми наоѓа броеви од доктори за да го абортирам бебето...

Не ми се веруваше во што се претвори човекот кого толку многу го сакав. Ме остави сама и избега. А сè што посакував јас беше да бидеме среќни како семејство,

Јас не сакав дете кое ќе расте без татко, ниту сакав да останам сама. Бев лута и гневна. На него, на себе, на Бога, на судбината, на животот.

Се кршев како стакло со секое ново прашање што си го поставував. Тој престана да ми се јавува. Секој ден ми беше преполн со солзи и молитви.

prikazna-na-edna-srednoskolka-zosto-ne-go-abortirav-deteto-iako-toj-me-ubeduvase-2.jpg

Се потсетив на сите жени кои сакаат да имаат деца, а не можат. Се сетив дека ако беа точни неговите резултати истото ќе ми се случеше и мене. Тогаш сфатив колку сум среќна. Еден свештеник ми го кажа следново: „Може да го родиш и да бидеш најсреќната жена или да го абортираш и да шеташ како зомби по улица, мислејќи дека си убиец“.

Следниот ден отидов на преглед и му го слушнав срцето. Не постои чувство што ќе ја замени таа среќа во тој момент. Тоа бебе беше дел од мене.

Повторно ми надојдоа прашања: Зошто тоа мене ми се случува? Со што заслужив? Зошто ме напушти? Не знам, но се надевам дека ќе се врати и дека само сега мора да биде вака.

prikazna-na-edna-srednoskolka-zosto-ne-go-abortirav-deteto-iako-toj-me-ubeduvase-4.jpg

Без разлика на сè јас имам причина да продолжам понатаму. Тоа е малиот, нов живот кој го очекувам.

Верувам во среќните краеви, можеби и ова е само искушение. Јас сè уште ги сакам истите работи. Можеби тој е преплашен, па затоа избега.

Едно е сигурно, малото срце не смее да престане да чука заради неговите желби. Јас верувам дека сè ќе биде во ред. Ова е само период.

Караници, солзи проблеми... сè поминува. Но, детето е за цел живот. Со него знаеш дека имаш некој кој по тешкиот напорен ден ќе ти каже: „Мамо, те сакам“.

Кога ќе го доживеам тоа, ќе ја сфатам вистинската поента на животот... јас и сите идни мајки.

prikazna-na-edna-srednoskolka-zosto-ne-go-abortirav-deteto-iako-toj-me-ubeduvase-6.jpg

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...

Најчитани неделава