9 работи кои сакам да ги знае мојата ќерка

Секој родител кој поминал низ сите фази во животот сака да поуките од своите искуства да им ги пренесе и на своите деца. Особено секоја мајка е загрижена за тоа како ќе се развива нејзината ќерка и во каква личност ќе се претвори.

9-raboti-koi-sakam-da-gi-znae-mojata-kerka-01

Постојат некои универзални совети кои секоја мајка би сакала да ги знае нејзината ќерка:

1. Нема потреба да се вклопуваш во правилата

Може да бидеш каква што ќе посакаш. Не мора да се вклопуваш во некои правила или категорија само за да те прифатат другите. Можеш да бидеш и дама и прв другар со момците, да одиш и на опера и на рок концерти. Нема правила за она што тебе ти се допаѓа.


2. Твое тело - твои правила

Јас нема да ти кажувам што да правиш со твоето тело, а тоа не смееш да му го дозволиш ниту на некој друг. Мое е да ти ги кажам сите совети и можности, да ме прашаш сè што сакаш, но само ти одлучуваш кому ќе се предадеш, кога и колку. Твое тело - твои правила.


3. Во ред е да се грижиш за мислењето на другите

Вообичаено сите велат: „Нема потреба да се грижите што мислат другите за вас“, но реалноста е дека ретко кој го почитува тоа правило. Никому не му е пријатно да слушне лоши зборови за себе или озборувања. Не треба да правиш сè за да им угодиш на другите, но добро е да внимаваш кога можеш.


4. Некој ќе го сака кај тебе, она што ти го мразиш

Јас мислам дека си совршена каква што си, но знам дека ќе има некој дел од тебе што ти нема да си го сакаш. Она што треба да го запомниш е дека некој друг поинаку те гледа и ќе му се допаднат токму малите гради, прчестиот нос или кафените, наместо сините очи.

9-raboti-koi-sakam-da-gi-znae-mojata-kerka-1.jpg

5. Ќе се промениш многу

Нормално е и нема ништо страшно. Со секоја промена созреваш и дознаваш нешто повеќе за себе. Убаво е ако секогаш се менуваш на подобро, но понекогаш од лошите искуства може да имаш и не многу пријатни промени. Но и тоа поминува. Важно е да продолжуваш напред.


6. Не се плаши од личниот успех

Размислувај за себе и за своите соништа. Не се плаши да ги оствариш колку и да се големи. Зошто да не успееш? Секогаш можеш подобро, повисоко и подалеку. Од тебе зависи до каде ќе одиш. Но, никогаш не се запирај и не се откажувај од сопствениот успех.


7. Нема да бидеш најдобра во сè

Да бидеме искрени, не може во сè да си најдобра, некаде ќе заглавиш. И тоа е сосема во ред. Не се фрустрирај поради тоа. Не значи дека неам никогаш да се подобриш, туку дека ти требаат малку повеќе обиди, труд и трпение. Оди кон совршенството, но не се разочарувај ако не го достигнеш. Животот не е совршен.


8. Ќе мислиш дека си заљубена

Ќе се почувствуваш посебно, ќе ти обрне некој повеќе внимание, дури ќе мислиш дека тој е вистинскиот и наеднаш ќе исчезне. Ќе те боли, но ќе ти помине. Ќе бидеш посилна и ќе научиш како да се заштитиш следниот пат.


9. Јас ќе ти бидам најдобра пријателка

Барем се надевам дека ќе биде така. Тоа не значи дека нема понекогаш да се караме или дека нема да ме мразиш за некои одлуки, но на крајот на денот јас ќе бидам личноста која те сака целосно и безусловно, како што треба да се сакаат најдобрите пријателки.

9-raboti-koi-sakam-da-gi-znae-mojata-kerka-2.jpg

Што би ѝ кажале вие на вашата ќерка?

Би можело да ве интересира:

Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
„Одам на работа, се грижам за децата, чистам, а сопругот не прави ништо – решив да се разведам“ „Работам со полно работно време и јас правам сè. Јас готвам, јас го чистам тоале...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg