Писмо до маќеата на мојата ќерка: „Ти си дар од Бога!“

После разводот мислев дека маќеата на мојата ќерка ќе биде некоја антипатична и лоша жена, претставена како во некои книги и филмови, која го зазема моето место. Но, многу погрешив.

pismo-do-makeata-na-mojata-kerka-ti-si-dar-od-boga-1

Затоа решив да ѝ напишам писмо за да ѝ се заблагодарам и да ѝ ја искажам сета љубов и благодарност:

„Не сакав да бидеш во нејзина близина. Ти, едноставно не беше дел од планот. Додека ја одгледував и сонував за свое семејство, ти никогаш не беше дел од тој сон. Планот беше во семејството да сме само јас, децата и таткото на моите деца. Не и ти.

Се сомневам дека и ти некогаш си ме сакала мене во својот живот. Се сомневам дека си планирала да бидеш мајка на дете кое не си го родила. Можам да се обложам дека твојот план бил сличен на мојот и дека во него не сме биле ниту јас ниту мојата ќерка. Сигурно си мислела дека ќе станеш мајка оној ден кога ќе родиш дете, а не кога ќе се омажиш за мојот сопруг.

Но, Божјите планови не се секогаш исти како нашите. Кога се подели моето семејство, се создадоа две семејства, точно знаев дека доаѓаш.

Мислев дека си лошотија која мојата ќерка нема да сака да ја прифати како мајка. Се надевав дека не си толку привлечна и се молев мојата ќерка да не се угледа да тебе.

Нејзиниот татко планираше да се ожени по вторпат. Јас не сакав да се соочам со фактот дека друга жена ќе ѝ биде мајка на мојата ќерка, додека јас сум отсутна.

И тогаш дојде ти.

Не беше онаква каква што те замислував. Требаше да изгледаш грозно. Но ти беше прекрасна. Требаше да бидеш стара и злобна, но ти беше мила и млада жена.

Ми ги промени плановите.

pismo-do-makeata-na-mojata-kerka-ti-si-dar-od-boga-4.jpg

По твојот изглед на лицето сфатив дека и тебе ти е тешко да се запознаеш со мене. Моето срце во истиот миг омекна. Проклета беше твојата насмевка. Мислев дека ќе те мразам. Зошто ми го уништи планот?

Наскоро ти станав благодарна.

Ти ја прифати нашата ќерка од самиот почеток и безусловно ги сакаше и неа и нејзиниот татко, а тоа е најдобар подарок за мене. Ја вклучи нашата ќерка во сè што правиш и таа покрај тебе се чувствуваше сакана и прифатена. Нејзиниот однос со татко ѝ го стави над вашиот однос, а само храбра жена знае како да го направи тоа со стил.

Кога јас и нејзиниот татко се разведовме, знаев дека во нејзиниот живот ќе има моменти кога нема да можам да бидам до неа. Благодарна сум ти што си тука и во мое отсуство. Благодарна сум ти што ги разбираш нејзините тинејџерски години и што се трудиш да ѝ угодиш. Нејзе ѝ е потребна мајка во таа куќа, а ти тоа го можеш.

Знам дека нашата ситуација е ретка.

Ја испочитува мојата позиција како мајка од самиот почеток. Го ценам тоа што се консултираш со мене кога ќе те праша за некој совет. Не се случува така често мајка и маќеа да си испраќаат пораки често дека се сакаат и почитуваат, како сестри, Ти си дар од Бога.

Нашата ќерка ќе израсне со многу повеќе љубов од тоа што некогаш можев да замислам. Не одбра таа нејзините родители да се разведат, но иако тоа не би му го посакала на ниедно дете, благодарна сум што таа сега има повеќе родители кои ја сакаат и почитуваат и кои меѓусебно се сакаат и почитуваат. Затоа таа е сочувствителна и разбира дека неуспехот во една област, често значи успех во друга.

pismo-do-makeata-na-mojata-kerka-ti-si-dar-od-boga-3.jpg

Таа секогаш те повикува и со восхит ти ги раскажува своите приказни кога доаѓа, а мене срцето ми потскокнува од среќа во тие моменти. Секојпат уживам во твојата топла пријателска прегратка кога ќе се видиме.

Знам како изгледа кога мајката не ја прифаќа маќеата. Јас сум повеќе од благодарна што си ти навистина добра личност за мојата ќерка. Ти благодарам што си доволна зрела, што ме почитуваш и што го одгледуваш моето дете, заедно со мене.

Ти ветувам дека секогаш ќе го почитувам твоето влијание на нашата ќерка. Ти ветувам дека никогаш нема да ја намалам твојата важност во нејзиниот живот и никогаш нема да кажам дека ти неси нејзина мајка.

Ти ветувам дека ќе ја одгледувам учејќи ја дека во својот живот има две храбри жени кои имаат смелост двете да ѝ бидат мајки.

И ќе се молам таа никогаш да не дојде во нашата ситуација, дури и ако е вака мирна. Сепак, тогаш ќе знае како изгледа здружено родителство.

Драгоцена жено, ти си ретко и прекрасно богатство. Бог да те благослови, те сакам!“

pismo-do-makeata-na-mojata-kerka-ti-si-dar-od-boga-01.jpg

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg