По што се разликуваат бебињата родени во зима од сите останати?

Зимските бебиња, односно луѓето родени во зимскиот период , имаат поинакви карактеристики од сите останати.

po-sto-se-razlikuvaat-bebinjata-rodeni-vo-zima-od-site-ostanati-01.jpg

Така, ако мислевте дека сте големо бебе заради генетиката или имате послаби коски од некоја непозната причина, се лажете.

Иако сте зимско дете или родител на зимско дете, овие 6 работи сигурно не сте ги знаеле:

1. Зимските бебиња се многу поголеми од летните

Бебињата родени во зимските месеци во просек се многу потешки од бебињата кои се родени во лето. Исто така, имаат поголем обем на главата. Причината за тоа делумно е намалениот апетит во текот на летото, додека во зимските месеци трудниците го немаат тој проблем, па слободно и се препуштаат на храната.

2. Помала е веројатноста да заболат од мултиплекс склероза

Откриено е дека децата родени во ноември најретко патат од мултиплекс склероза, додека најмногу се појавува кај децата зачнати во зимските месеци.

3. Зимските бебиња често се раѓаат пред терминот

Зимските бебиња имаат 10% поголеми шанси да се родат порано. Се претпоставува дека овој податок е тесно поврзан со фактот дека зимските деца се поголеми и побрзо се развиваат.

4. Зимските бебиња се попристојни кога ќе пораснат

Звучи чудно и неповрзано? Сепак, научниците многу пати до сега ја потврдија оваа теза. 4-годишните деца кои се родени во зимските месеци се двојно посмирени и попристојни за разлика од оние родени летно време.

5. Зимските бебиња се склони кон депресија

Изложеноста на сонце е важна за развојот  на бебето, па затоа големи се шансите зимските бебиња да се подепресивни и лошо расположени заради тмурното време.

6. Зимските бебиња имаат слаби коски

Уште една последица од недоволната изложеност на сонце. Летните бебиња имаат поцврсти коски заради витаминот Д кој се апсорбира преку сончевата светлина.

Би можело да ве интересира:

Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава