6 причини зошто разводот е најдобра опција за вашите деца

Секој кој размислува за развод, веројатно прво помислува на тешкотиите кои ќе ги помине нивното дете. Бројни истражувања покажуваат дека децата по разводот психички слабеат, се чувствуваат виновно и ја губат самодовербата.

6-pricini-zosto-razvodot-e-najdobra-opcija-za-vasite-deca-01.jpg

Но, секогаш постои втора, позитивна страна на работите.

Иако разводот е траума за децата, по него конечно ќе имате време да му се посветите на детето наместо да се посветувате на постојаните замерки, кавги и насилство.

Брет Сембер го поддржува мислењето дека разводот е секогаш правилна опција ако повеќе не постои разбирање и тоа од следниве 6 причини.

1. Ќе постојат два дома во кои нема да има постојани кавги

Таквиот начин на функционирање ќе им помогне на децата да не ја собираат негативната енергија од конфликтите на родителите. Да, два посебни дома се голема промена, но тие се многу подобра опција од еден заеднички дом преполн со напнатост.


2. Смирени емотивни темели

Првите неколку месеци по разводот е тешко и необично. Но, набрзо потоа родителите создаваат нова рутина и нови работи кои стануваат нормални. Децата веќе нема да мораат секојдневно да ги следат падовите на родителите, па затоа животот станува посмирен.


3. Посреќни родители

Среќните луѓе се подобри родители, среќните луѓе создаваат среќна околина. И така децата се заразуваат со среќа. Иако е потребно време за рамнотежа во животот, повеќето луѓе се посреќни по разводот.


4. Децата учат што е компромис

Гледајќи ги родителите кои се договараат, ја учат важноста на компромисот во животот. ниту еден развод не е едноставен и тоа е сосема во ред да го покажете пред детето.


5. Родителите кои ќе одберат лична среќа го учат детето дека и тоа го има истото право

Бирањето на личната среќа е силна порака за детето. Така му покажувате дека секој има право на среќа, односно без оглед на борбата треба да стигне до неа.


6. Разведените родители често пати имаат нов талент

Иако не е загарантирано, често пати разведените родители развиваат нови таленти со кои се поврзуваат со детето. Претходно, едноставно немале време за истите.

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg