Работи што секој татко треба да и ги каже на својата ќерка

Секој татко има уникатна улога во животот на неговата ќерка. Негова одговорност е да и даде доволно самодоверба за да може таа самата да се соочи со светот. Таткото е првиот маж во животот на неговата ќерка и негова задача е да и покаже како еден „вистински маж“ треба да се однесува.

raboti-sto-sekoj-tatko-treba-da-i-gi-kaze-na-svojata-kerka-01.jpg

Еве кои работи секој татко треба да и ги каже на својата ќерка:

1. Обрни внимание како твоето момче се однесува кон мајка му. Утре така ќе се однесува и кон тебе.

2. Можеш да направиш сè што може и еден маж да направи.

3. Останатите девојки се шминкаат за да изгледаат така како што изгледаш ти сега. Не ти е потребна шминка, ти си прекрасна.

4. Луѓето ќе те оценуваат според тоа што го носиш на себе. Не е фер, но таков е светот. Имај го тоа предвид кога наутро ќе одбираш што да облечеш.

5. Не дозволувај другите да размислуваат место тебе.

6. Ништо не е поатрактивно од интелигенцијата.

7. Научи паралелно да паркираш.

8. Не мораш да уживаш во нив, но барем научи ги основните правила во фудбалот и кошарката.

9. Разликувај ги „Ѕвездени патеки“ од „Војна на ѕвездите“.

10. Имај доверба во себе и никогаш нема да има потреба да се прилагодуваш на другите. Останатите луѓе сами ќе ти приоѓаат.

11. Најефективен начин да направиш проблеми во врската е да ископаш некоја стара расправија. Зошто мислиш дека ги паметиме глупостите кои сме ги направиле пред пола година?

12. Ако некој маж навистина те сака, ќе те чека. Не дозволувај да те брзаат. Ти си таа која ги поставува границите на сексуалните односи.

13. Што се однесува до женските хигиенски продукти, дозволи ни да се преправаме дека не ја знаеме причината зошто тие постојат.

14. Иако можеби не престанувам да се смеам, знај дека кога ќе заминеш на факултет твојот татко во себе се распаѓа. Не заборавај да ми се јавиш првата ноќ да ми кажеш дека ме сакаш.

15. Спореди го секое момче кое ќе го запознаеш со мене. Никој нема да те сака така како што тебе те сака твојот татко.

Секој татко има уникатна улога во животот на неговата ќерка. Негова одговорност е да и даде доволно самодоверба за да може таа самата да се соочи со светот. Таткото е првиот маж во животот на неговата ќерка и негова задача е да и покаже како еден „вистински маж“ треба да се однесува.

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg