Драга ќерко, немој никогаш да се чувствуваш изгубено

draga-kjerko-nemoj-nikogash-da-se-cuvstvuvash-izgubeno-01.jpg

Драга ќерко,

Се надевам дека секогаш ќе ја знаеш длабочината на мојата љубов кон тебе, дури и тогаш кога сама се обидуваш да го пронајдеш вистинскиот пат за себе.

Се надевам дека ќе бидеш сигурна во твојот живот и дека ќе имаш толеранција за луѓето, бидејќи така ќе изградиш цврст карактер, без разлика на тоа што ти се случува во животот.

Се надевам дека никогаш нема да се сомневаш во својата интуиција и твоите претчувства за луѓето и ситуациите кои доаѓаат во твојот живот.

Те молам одбери да останеш сталожена и со силна волја кога ќе се соочиш со токсичноста на луѓето околу тебе. Одбери да гo слушаш внатрешниот водич.

Обиди се да разбереш дека ти не си само продолжение од твоите родители. Ти си своја, автентична индивидуа која заслужува бесгранична љубов. Ти го заслужуваш тоа и многу повеќе.

Обиди се да ги разбереш и прифатиш луѓето околу себе и околностите какви и да се.

Родителите се сепак само луѓе, со големи маани и не секогаш можат да те одбранат од детските рани.

Обиди се да имаш разбирање со сочувство и љубов, но истовремено остани вистинска на себеси со твоите лични граници, верувања, ставови и вредности. Почитувај се себеси, но почитувај ги и другите.

Секогаш сомневај се во тоа што си го научила и она зад кое стои општеството во кое живееше. Никогаш не ги прифаќај работите без добро да размислиш за нив. Формирај твои ставови, а не ги прифаќај туѓите.

И што е најважно: Обиди се да ја откриеш сопствената вистина одделна од туѓите вистини и влијание од луѓето околу тебе.

Со текот на времето ќе ја откриеш целта на твојот живот.

Би можело да ве интересира:

12 фото-докази дека нашите баби и дедовци биле „фраери“ во свое време Дали ви се случило да ги разгледувате старите семејни албуми и во нив да најдете...
7 работи кои (најверојатно) ги научивте како постара сестра Вашата сестра или брат во еден миг порасна и се најдовте како ви ги брише солзит...
8 смешни, но реални семејни ситуации во кои ќе се пронајдат сите (низ илустрации) Маж кој оди во маркет без список па заборава што требал да купи, или жена која ш...
Загрижувачки сведоштва на мајки: „Син ми (8) е зависен од неговиот таблет – еднаш ме удри кога му го... „Ако му го одземам таблетот, се претвора во чудовиште, почнува да вика, да клоца...
„Практикував ’нежно родителство‘, но воспитав несигурни деца кои не ме слушаат и почитуваат“ „Со години практикував нежно родителство… или барем така мислев. Ја валидирав се...
Мајка од Србија со моќен потсетник за родителите кои постојано „висат“ на телефон: „Детето забележув... „Ако скролате на телефонот додека си играте со вашето дете, несвесно го терате д...

Најчитани неделава