12 работи кои ги мислев за бебињата пред да станам мајка

Додека сами не се најдеме во родителска улога, неретко си даваме за право да ги коментираме, па дури и осудуваме постапките на некои родители. Меѓутоа, повеќето работи ги разбираме дури откако ќе имаме свое дете.

12-raboti-koi-gi-mislev-za-bebinjata-pred-da-stanam-majka-01.jpg

Поаѓајќи од тоа правило, една мајка споделува 12 работи кои ги мислела пред да ја добие новата животна улога.

Веројатно и вие ќе се препознаете во повеќето:

1. Додека сум на породилно ќе се одморам од работата

Вистина, одморив од секојдневното патување до работа и состаноците, но ова никако не може да се нарече одмор. Сега работам 20 часа дневно и опкружена сум со полни пелени и валкани лигавчиња. Што е најлошо, никој ништо не ми плаќа за тоа.


2. Опуштено ќе си шетам со бебето

Ќе биде опуштено, ако не го земате предвид подготвувањето за да излезете од домот - пакувањето на облека, пресоблекувањето, носењето на количката до автомобилот, подготвувањето на млеко, храна...


3. Ќе можам сè сама

Не, сега ми треба помош 24 часа дневно. Сакам постојана асистенција во сè што правам.


4. Ќе се заљубам во бебето штом го видам

Да, точно е дека има некоја инстантна поврзаност, но мислам дека љубовта се гради постепено, како што го запознавате своето бебе. Можеби ви звучи грозно, но првите неколку недели имаше спектар од емоции, не само љубов.


5. Лесно ќе се изборам со депресијата и емоциите по породувањето

Тагата и очајот се исти за сите мајки, иако проживуваат убава промена. И вие не сте ништо поразлични.


6. Заморот не е така страшен како што сите зборуваат

Не, уште пострашен е.


7. Лесно ќе се вратам на работа

Прочитајте ги повторно потточките 5 и 6.


8. Ќе ми биде лесно да се вратам во форма затоа што не работам

Не само што нема да имате време за да вежбате и да се вратите во форма, туку нема да имате енергија и волја.


9. Нема да бидам под влијание на работите кои сум ги читала на интернет

Ова можеби би било остварливо да не го нишкате бебето по 20 часа дневно, а мобилниот телефон ви е единствениот екран низ кој впивате информации што се случува надвор од дома.


10. Секако ќе бидам одлична мајка

Можеби во некои полиња и сум и вие ќе бидете, детето ќе ви биде здраво и напредно, но во главата ќе ви владее тотален хаос.


11. Доењето ќе биде магично искуство

Ќе престане да биде магично штом го пробате. За мене и за моето бебе млечната формула сепак беше подобрата опција. Ми беше тешко затоа што имаше толку многу мајки кои ме осудуваа, но и оние кои ме поддржаа. Им благодарам на овие вторите.


12. Нема да се потпирам на советите од другите мајки

Ќе ви го кажам само ова - не би успеала без поддршката, љубовта и советите на своите пријателки и моето семејство. Го мислам ова со целото мое срце. Толку сум благодарна што покрај мене имам искусни мајки и татковци. Затоа, прифатете ги. Само така ќе го разберете нивниот благодет во вашиот живот.

Би можело да ве интересира:

Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Денешните татковци се поинакви. Менуваат пелени. Бришат солзи. Знаат каде стојат пижамите. Готват“ „Денешните татковци остануваат будни кога детето има температура. Не „помагаат“....
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
Наде Молеровиќ со апел за родителите на тинејџери: „Кога последен пат ги прашавте што им се врти во ... „Тинејџерот денес ретко има простор едноставно да биде тоа што навистина е, без ...
Како од мали да ги научите децата да го сакаат учењето и да бидат снаодливи? Кога детето ќе ви постави прашање од типот „зошто тревата е зелена“, обидете се ...

Најчитани неделава