Како од мали да ги научите децата да го сакаат учењето и да бидат снаодливи?
Кога детето ќе ви постави прашање од типот „зошто тревата е зелена“, обидете се заедно да истражите, да најдете одговор во книги, кратки видеа, енциклопедии и сл. Кои други начини во воспитувањето ќе ви помогнат да го натерате детето да го сака учењето и да биде самостојно?

Учењето трае цел живот, како што многумина милуваат да кажат, а навиката за учење се стекнува уште од најмала возраст.
Децата треба да ја развијат својата љубопитност, самостојност и снаодливост уште од најмали, за подобро да се справуваат со сите предизвици во животот.
Секако дека не е лесно понекогаш да им се развие љубов кон учењето, но родителите може да дадат сè од себе за да се обидат природно да им го „наметнат“ ова.
Во продолжение неколку начини на кои може да се обидете:
Поттикнувајте љубопитност секојдневно преку поставување прашања и истражување
- Кога детето ќе ви постави прашање од типот „зошто тревата е зелена“, обидете се заедно да истражите, да најдете одговор во книги, кратки видеа, енциклопедии и сл.
- Охрабрувајте го детето да истражува работи кои го интересираат и да ја буди љубопитноста – од диносауруси, до астронаути, цртање или некој друг интерес

Учете преку игра и активности, така децата нема да го доживеат тоа страшно
- Развивајте математички вештини преку редење коцки, игри со броеви, играјте други логички игри
- Читајте приказни и бајки за да им се развива креативноста и разбирањето на светот
- Правете рачни изработки, лесни експерименти, гответе заедно, дозволете преку учење да стекнуваат искуство

Поставувајте мали и достижни цели за да не се обесхрабруваат и да не го замразат процесот
- Дополнително, славете го секој успех, независно колку е мал, така детето ќе научи дека трудот се исплати и дека учењето не е товар туку напредување
Развивајте снаодливост и самостојност, учете го самото да наоѓа решенија на проблеми
- Наместо веднаш да давате одговор на прашањата, поставувајте потпрашања кои ќе го поттикнат да размислува и да дојде до решение
- Дајте им на децата простор да експериментираат и да учат од своите грешки, да научат дека е во ред ако понекогаш згрешат и да не се откажуваат

Создавајте добри навики, со ритуали и рутини децата полесно учат дисциплина и одговорност
- Планирајте кратки термини за читање, цртање, други активности и истражување
- Редовно повторувајте ги работите што ги знае и пробувајте практично да го применувате знаењето во разни ситуации
Научете ги дека учењето не е само во книгите, туку е потребно во секојдневието
- Броење за време на пазарење, просторни вештини за време на готвење
- Покажете им дека во природата може многу да се научи
- Разговарајте за актуелни теми и случувања и покажете дека секој ден може да се научи нешто ново независно од возраста

Фокусирајте се на пофалби и мотивација, наместо на лоши коментари
- Дури и кога нема да успеат, вреднувајте им го трудот, не само резултатот
- Развивањето на самодоверба се постигнува преку фалење и делење комплименти, за со радост да прифаќа нови предизвици за учење.
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com
