Учете ги вашите деца за парите и штедењето

Постепеното запознавање на децата со суштината и вредноста на парите е важен дел од растењето, затоа што така тие сфаќаат дека не можат секогаш да добијат сè што ќе посакаат, го учат процесот на штедење, па дури и започнуваат да учат како да прават разумна инвестиција.

uchete-gi-vashite-deca-za-parite-i-shtedenjeto-01.jpg

Никогаш не е премногу рано да започнете да го запознавате вашето дете со парите. Експертите сметаат дека првите лекции треба да започнат уште на 3-годишна возраст, кога детето ќе започне да им обрнува внимание на парите.

Сепак, лесно е да се каже, тешко е да се направи.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да му ја претставите вистинската вредност на парите на вашето дете и да го научите да штеди и да ги троши разумно:

- Научете го да брои монети. Прво запознајте го со монетите. Кога вашето дете ќе научи да брои, дајте му монети од 1 денар.

- Објаснете му ја вредноста на различните монети. Кога сметате дека вашето дете е подготвено, дајте му различни монети од 1, 2 и 5 денари. Така визуелно според големината на монетите полесно ќе му биде да научи дека монетата од 2 денари вреди повеќе од монетата од 1 денар, а помалку од монетата од 5 денари.

 - Објаснете му од каде доаѓаат парите. Нормално е децата да мислат дека парите доаѓаат од нивната мајка и татко и дека секогаш кога требаат пари, има доволно во паричниците на родителите. Некаде на 5-годишна возраст децата се подготвени да слушнат и можат да разберат од каде навистина доаѓаат парите и дека не се неограничени. Тогаш е потребно да му објасните на вашето дете дека парите се стекнуваат со труд и работа и дека со нив може да се купува само она што е неопходно, а некои задоволства може да си ги пружите само ако штедите.

- Покажете му дека има разлика помеѓу потребите и желбите. Многу често децата кога ќе видат нешто интересно во продавница, веднаш посакуваат да го имаат, па прават сè што можат за да го добијат, а често започнуваат и да плачат. За да избегнете таков мал скандал во јавност, потребно е да го научите вашето дете дека има разлика помеѓу неговите желби и реалните потреби. Објаснете му дека постојат некои работи кои се неопходни за живот и кои задолжително се купуваат и такви кои се еден вид луксуз. Треба да му стане јасно дека не може да има секогаш сè што ќе посака.

- Кога веќе детето ќе започне да оди на училиште, доволно е големо за да започне да учи да штеди пари.

- Давајте му неделен џепарлак. Така ќе го научите детето дека треба да биде поодговорно за своите пари и дека треба да му служат одреден период. Ако случајно ги потроши сите на бонбони, не му давајте нови додека не помине договорениот период од една недела.

Наградувајте го за штедењето, исто како што вие добивате камата. На крајот на месецот за секои заштедени 10 денари, давајте му дополнителни 2-3 од вас. Така ќе го стимулирате да штеди повеќе.

Колку и да сте финансиски стабилни, ако му купувате на вашето дете сè што ќе посака, правите голема грешка.

Во таков случај ќе добиете до себе разгалено дете кое како што расте ќе биде уште попребирливо и никогаш нема да може да научи да штеди или да ги цени парите.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум традиционална сопруга и живеам преубаво - жените ќе бидат посреќни ако му се посветат на до... „Јас сум верник и, според Библијата, верувам дека жената е создадена да биде срц...
„Само што се омажив, престанете да ме прашувате кога ќе имам деца“ „Стапувањето во брак е прекрасно. Но, постојат и неколку благо иритирачки работи...
8 смешни, но реални семејни ситуации во кои ќе се пронајдат сите (низ илустрации) Маж кој оди во маркет без список па заборава што требал да купи, или жена која ш...
10 фрази кои родителите ги кажуваат несвесно, а ги „прогонуваат“ децата и кога ќе наполнат 30 години... Секоја генерација носи невидлив товар - зборови слушнати од своите родители. ...
Акушерка од Србија: „Правила за посета на новороденче – не седете предолго на гости, измијте раце, н... „Тажно е што уште треба да се потсетуваме на вакви основни работи“, „Ова се прав...
Хит видео: Како е да се биде мајка на девојчиња vs. мајка на момчиња? И додека мајката на девојчиња како модна икона смирено парадира со своите малечк...

Најчитани неделава