Хит видео: Како е да се биде мајка на девојчиња vs. мајка на момчиња?

И додека мајката на девојчиња како модна икона смирено парадира со своите наследнички, мајката на момчиња води битка да преживее, со модро око, со удар од топка, со песок на главата... Се согласувате ли дека навистина е толку различно да се биде мајка на девојче vs. на момче?

hit-video-kako-e-da-se-bide-majka-na-devojchinja-vs-majka-na-momchinja-01.jpg

Хелен Блејк, позната на Инстаграм како Блонди, е мајка на близначки и со своите 5 милиони следбеници споделува случки и шеги од секојдневието.

Хелена вели дека нејзиното животно мото е да кажува „да“ и да пристапува кон сè со позитивност, па токму оттука доаѓа и нејзиниот прекар @yes_blondy.

Со сопругот поседуваат бизнис за изнајмување автомобили во Дубаи.

Таа вели:

„Имаме околу 100 кул автомобили кои се многу популарни (можеби сте изнајмиле некој од нашите, а да не знаете), а мојот втор бизнис е детска козметика.

Јас сум успешна деловна жена, но и актерка.

Со ова се занимавам уште од детството, но досега моите проекти не биле многу успешни и можеби не сте слушнале за нив. Но, тоа е само засега“.

Сега, таа сними хит видео во кое прави хумористична споредба како е да се биде мајка на девојчиња vs. мајка на момчиња.

hit-video-kako-e-da-se-bide-majka-na-devojchinja-vs-majka-na-momchinja-03.jpg

И додека таа, како мајка на девојчиња, си се шета со нив безгрижно, трите совршено дотерани, мајката на момчиња седи на тротоар со модринка на окото, од случаен удар од синовите, додека едниот ја мава со топка, а другиот ѝ сипува песок на главата.

hit-video-kako-e-da-se-bide-majka-na-devojchinja-vs-majka-na-momchinja-04.jpg

Се разбира, видеото е издраматизирано, но не е далеку од вистината, зарем не?

Кликнете на видеото:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит видео: Колку е прекрасно (читај напорно) патувањето со мало дете во Рим? Мало дете кое се качува по ограда, истура вино, се прави лом со сладолед, трча и...
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Зошто обожавам што сум мајка на момчиња?“ „Секогаш си замислував дека еден ден ќе имам ќерка, но станав мама на момчи...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...

Најчитани неделава