„Зошто обожавам што сум мајка на момчиња?“

„Секогаш си замислував дека еден ден ќе имам ќерка, но станав мама на момчиња. И одеднаш изгледаше како најприродната работа на светот. Тие се диви на најубав можен начин. Она што не го знаев е дека малите момчиња сакаат силно. Прегратки што те соборуваат од нозе (буквално). Бакнежи без најава. Поглед како да си им целиот свет...“

zoshto-obozhavam-shto-sum-majka-na-momchinja-01.jpg

Кача од Србија е мајка на две момчиња, која споделува детали од нејзиното секојдневие на Инстаграм профилот @ZbunjenaMama.

Таа вели: „Родителството (а и животот) нема упатство. Нема прирачник. Нема темплејт. И тоа е во ред. Сите ние лутаме, грешиме, учиме, паѓаме и стануваме. И сите сме, барем понекогаш, збунети мајки и татковци“.

Сега, проговори за тоа дека отсекогаш мислела дека ќе биде мајка на девојчиња, но дека животот ѝ дал момчиња и тоа испаднала најубавата работа што може да ѝ се случи во животот.

Кача искрено вели:

Секогаш си замислував дека еден ден ќе имам ќерка.

Во моето опкружување отсекогаш имаше девојчиња и сакав една мала принцеза со тул, светки, тијари…
Сè она што јас не бев.

И кога дознав дека и двата пати се момчиња… почувствував мешавина од љубов и блага тага.

„Gender disappointment“ (разочарување од полот на децата) е реален, дури и кога си бескрајно благодарна.
(А јас сум благодарна, затоа што секако најважно е бебето да е здраво. Овде не станува збор за тоа!)

Зошто велам блага тага?

Затоа што сликата на мојот замислен живот одеднаш се смени.
Замислениот однос, цветните фустанчиња, тие „мама-ќерка“ моменти… сè она што тивко го чував некаде длабоко во себе.

zoshto-obozhavam-shto-sum-majka-na-momchinja-02.jpg

Не знам за вас, но јас пред децата секогаш се замислував како мајка на девојче.
Тоа беше единствената верзија на приказната што умеев да ја замислам.

А потоа дојдоа ТИЕ. И сè се смени во еден здив.

Прво едниот син, додека сè уште се навикнував на таа нова улога. А потоа и другиот, кога сфатив дека тоа е тоа.

Јас сум мама на момчиња. И одеднаш изгледаше како најприродната работа на светот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Мајка ми и јас сме бремени во исто време - пресреќни сме“ „Мајка ми и јас го живееме нашиот сон! Двете сме бремени со девојчиња. Таа е во ...
„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘м... „Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. ...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Порака од новороденчето до неговата мајка: „Мама, мириса на млеко и на љубов - тоа е најдобриот мири... „Не можете да ја најдете мама. Ја повикувате и ве обзема страв. Што ако не дојде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg