5 елементи на грижливиот и успешен татко

Колку и да не сте „фамилијарен тип“, татковството е животна улога која секој маж сака и треба да ја има.

5-elementi-na-grizliviot-i-uspesen-tatko-01.jpg

Во ниту еден случај не е подобро да останете подоцна во канцеларија, затоа што додека вие работите, некој друг треба да го учи вашето дете да шутира топка, да научи ново хоби и да верува во себе.

За подоцна да не се каете, пробајте да бидете грижлив и успешен татко со помош на овие 5 „состојки“:

1. Започнете уште од рано

Уживајте во бременоста и не се плашете да разговарате за неа со идната мајка. Бидете присутни. Вклучете се во развивањето на бебето уште од самиот почеток. Тоа е клучниот момент од кој ќе имате изграден однос со детето.

Негата на бебето нека ви ги промени животните приоритети, тука нема ништо страшно. Не се задоволувајте со она „остави, јас можам“. Бидете упорни, барајте поддршка и совети. Бидете горди на своите вештини.


2. Создајте повеќе време

Тоа е можеби главната и основна работа. Ако работите по 20 часа дневно, очекувајте дека децата и нивното растење ќе има последици.

Не бидете лакоми по пари, туку по времето поминато со вашите деца. И ако мислите дека тоа нема да ве направи побогати, за разлика од напредувањето на работа - правите огромна грешка.

5-elementi-na-grizliviot-i-uspesen-tatko-02.jpg

3. Изразете емоции

Гушкањето, држењето во раце и скокоткањето треба да траат што подолго. Не заборавајте и на нежните работи како седење во скут, пеење или тивко раскажување на приказни.

Кажувајте им на децата колку се неверојатни, убави, креативни и интелигентни. Ако од вашите родители не сте го добивале тоа, време е да ја промените навиката.


4. Развеселете се

Уживајте со своите деца. Не дозволувајте да почувствуваат дека тоа го правите од што морате или така треба. Експериментирајте за да откриете кои активности ве прават и вас и нив најсреќни.

Избегнувајте го претераното форсирање и натпреварување до мерка која не е забавно.

И најважно од сè, учете ги децата за она во што сте експерти. Пренесете им ја својата насмевка, страстите и хобијата кои ги негувате. Никогаш не знаете што ќе им се допадне.


5. Но, бидете и сериозни

Некои татковци денес очекуваат дека тие треба да се оние кои размазуваат, додека мајките би требало да се оние строгите. Не ги препуштајте тешките одлуки на партнерката. Вклучете се и вие, прегледувајте ги домашните задачи и раскренете ја собата.

Развијте ја дисциплината во секој поглед. Инсистирајте на почит.

Не бидете само уште едно дете во семејството. Бидете потпора и синоним за маж и татко.

Би можело да ве интересира:

Те уморува борбата со детето за кои чевли да ги носи, диплењето облека и чистењето на дом, кој е пак... Никој не зборува за тешките делови од родителството. Сите изгледаат како да се с...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
„Работев како маркетинг директорка, си дадов отказ за да бидам дома со детето - Со што се соочив?“ Секое родителско искуство е единствено, но може да се каже дека повеќето родител...
7 правила на кои богатите семејства ги учат своите ќерки за мажите (број 4 е клучно) Гледај како ги третира парите, тоа е начинот на кој ќе ги третира одговорностите...
6 грешки кои родителите ги прават ненамерно (и ве оддалечуваат од децата) Не дозволувајте вашето расположение да влијае на односот со дететo, не правете н...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...

Најчитани неделава