Гордоста во насолзените очи на еден татко...

Секој татко има една огромна слабост - нераскинливата врска која го поврзува со неговата ќерка.

Zdravo-jas-sum-nebitna-01

Целиот свој живот еден татко живее за да биде одбранбен ѕид кој ќе ја штити својата ќерка.

Неизмерната љубов и целосниот труд кој го давате за нејзино воспитување може да ве направи горди доколку видите дека вашата ќерка постанала токму онаква како што од секогаш сте посакувале.

Но, за жал овој петок кога си дојдов од работа, втора смена попладне, некако ми мирисаше на беља. Ја оставив актовката и ја одврзав краватата, отидов до кујната, бидејќи мојата сопруга не беше тука, сакав да си сварам кафе и да се опуштам на каучот.

Така замислен не ја забележав мојата ќерка која влета како ураган во собата, собирајќи книги кои ги пикаше во чантата. Се заврти и ми рече дека ќе оди кај своја другарка да учат хемија.

Замислете петок навечер, две тинејџерки на шеснаесет години ќе учат хемија, како јас да сум од камено време, па не знам што им е планот во позадина.

Но, не и реков ништо, никогаш не ја држев на синџир до мене. Сметав дека вистинските вредности и ги дадов додека растеше. Ја учев да биде цврста, да се челичи со секое дејство во општеството, да не биде приказна за една вечер, да биде своја, да биде почитувана.

Но, не ми падна баш добро кога ме излажа, колку и да криев тоа ме болеше.

Си реков каков тинејџер е оној кој не лаже?

Напика во ранецот едно чудо работи и замина. Заборави дека татко и е инженер кој лесно може да пристапи до компјутерот и да дознае сè она што е потребно.

Се прикрадов, признавам грев е да чепкаш во нечија приватност, но морав. Отворив и го видов местото каде што ќе излегуваат вечерта.

Морав да ја излажам сопругата дека ќе одам со колеги од работа, за да ја спасам ќерка ми да не ја разочара мајка си.

Беше околу дванаесет часот, стоев на шанкот, свртен со грб кон сите кои поминуваа за да не ме забележат.

Си помислив нема да ме види, сигурно нема да си помисли дека би ја следел. Додека стоев на шанкот дојде таа со нејзината другарка, која мене искрено никогаш не ми се допаѓаше. Но, како вистински родител не и се мешав во изборот на пријатели, знаев дека времето само по себе ќе си покаже.

Застанаа на шанкот тие две и две момчиња, видно поголеми од нив.

Се колнам, коњакот со мраз којшто го пиев ми застана во грлото, а мислев дека од толку стискање чашата ќе ми се зарие во раката. Додека нејзината другарка, според мене несоодветно се допираше со едното момче, другото најверојатно за мисија имаше да и се додворува на ќерка ми.

Ќе го убиев!

И тој започна со разговорот, а јас целиот се претворив во уво, за да видам, сега беше моментот да откријам што сум одгледал.

„Мислам дека те знам од некаде“ - рече тој со еден одвратен тон.

„Многу добро знаеш од каде јас те знам тебе, а и ти мене, немој да се правиш будала“ - му врати моето девојче.

„Но, знаеш ти, јас имам многу што ти можеш да добиеш вечерва, ако ми дозволиш да те однесам со мојот автомобил до мојата вила, таму има да видиш сѐ и она што не си видела, само ако ми го кажеш името.“ - Додека тој се лигавеше, јас ги спремав тупаниците, каков педофил си помислив.

„Здраво, неважна, мило ми е.“ - И стана од столот за да си оди.

Се збуни тој, се збунив и јас.

Низ мене поминаа емоции кои не сум ги почувствувал дотогаш. Мојата работа и мојот труд да ја воспитам во едно прекрасно човечко суштество не беа залудни. Таа покажа карактер, таа покажа достојност, таа покажа сила, таа покажа дека не е користољубива кукла која може да ја поседува секој кој поседува пари и моќ.

Таа ми покажа сè.

Таа вечер таа беше татина боксерка, а не татина барбика. Го нокаутира возрасниот маж што седеше до неа и не сакаше да се откачи од неа. Победи и тоа не рунда, таа победи за цел живот и покрај тоа што ме излажа, таа ми докажа дека можам да и верувам за навек.

Станав, но не сакав да правам скандал, се приближив и на тој идиот му реков, таа ќе се вози во многу поубав автомобил и ќе оди во вила поубава од неговата со многу позгоден фраер, со мене.

Таа се изненади, се збуни, се здрви на столот кога ме виде. И намигнав, се насмевна и стана по мене.

Таа вечер беше победа, за мене, за неа, за сите нас.

Ми докажа дека животниот труд кој го вложуваш во своето дете вродува со плод без разлика каква е околината која го опкружува.

Тоа не може да оди против себе си, ако секако на вистински начин си му помогнал да открие каде припаѓа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
„Таа е херој затоа што ми е мајка“ - 20 причини зошто мајките се незаменливи Зaтоа што ги чува сите мои тајни и можам да ѝ се доверам за сѐ. Затоа што знам д...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg