Што е тоа „немајка“?

Постојат типови на жени кои ние Балканците сакаме да ги нарекуваме „немајки“. Тоа е жена која технички е мајка, но по балканските стандарди таа не ја заслужува таа титула.

shto-e-toa-nemajka-01.jpg

Оваа жена не ги слуша советите од сосетките, свекрвата, золвите и останатите жени кои мислат дека сè знаат и кои се убедени дека знаат подобро од докторите.

„Немајката“ понекогаш знае малку да се посвети и на себе - излегува со пријателките, оди на фризер и на шопинг.

Нејзиниот дом никогаш не е целосно „цакум пакум“. Секогаш може да се најде некој хаос.

Таа не го форсира детето да седи на три месеци, а да прооди на шест месеци само за да може да се пофали на Фејсбук.

„Немајката“ не знае што е најдобро за нејзиното дете, бидејќи не студирала медицина цели 12 години.

Таа не ги пребарува на интернет советите од надрилекарите и не бара совети од родителските групи кога нејзиното дете има некој здравствен проблем. Кога е загрижена, детето го носи на доктор.

Таа не го храни детето со „детски“ кекси и бисквити, иако меѓу нас Македонците се знае дека се многу здрави, хранливи и важни за физичкиот и менталниот развој на детето.

„Немајката“ не го тера детето навечер да јаде мелени бисквити со млеко или гриз за да ја преспие целата ноќ.

Таа ги воведува новите намирници според препораките од експертите, а не кога таа смета така или по препорака на бабите со соседството или сè се јаде од 6 месеци само затоа што нашите мајки го правеле тоа, а нас денес ништо не ни е.

Не му дава на бебето лекови на своја рака.

Не му става пелени на детето до четвртата година, бидејќи така ѝ е полесно...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповед на самохрана мајка од Хрватска: „Возам автомобил стар 21 година, свој стан никогаш нема да м... „Да бидеш мајка е тешко, ама да бидеш самохрана мајка е брутално тешко. Јас, нем...
Мајка од Србија со моќен потсетник за родителите кои постојано „висат“ на телефон: „Детето забележув... „Ако скролате на телефонот додека си играте со вашето дете, несвесно го терате д...
„Лежев болна деновиве, маж ми ги презеде сите обврски со децата - сфатив колку добро сум избрала“ „Овие денови бев болна. Потполно нефункционална - не паметам кога последен пат м...
„Мажи, жена ви не е уморна затоа што е слаба, туку затоа што не сопира и е на раб од исцрпеност“ Ако видиш мајка што е на работ на изнемоштеност, еве како навистина да ѝ помогне...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Моето дете беше жртва на булинг – насилникот беше син на наставник, морав да го запишам во друго уч... „Ја навредуваа, ја исклучува од групни активности, ги тераа другите деца да се д...

Најчитани неделава