„Мажи, жена ви не е уморна затоа што е слаба, туку затоа што не сопира и е на раб од исцрпеност“
Ако видиш мајка што е на работ на изнемоштеност, како навистина да ѝ помогнеш? Донеси ѝ храна, изнеси ги децата во парк, прашај ја што ѝ треба...

Марија Марголис, мајка и сопруга, е експерт за јога и фитнес и е фокусирана на зајакнување на женското тело.
Но, таа се грижи и за менталното здравје на жените, па неретко споделува совети.
Овојпат таа испраќа порака до мажите, како да препознаат дека нивната партнерка и мајката на нивните деца е комплетно исцрпена и како да ѝ помогнат.
Нејзината објава, која треба да ја прочита секој маж, гласи:
„Ова е твој потсетник:
Ако видиш мајка што е на работ на изнемоштеност, еве како навистина да ѝ помогнеш...

Упатство како да ѝ помогнеш на мајка (направи барем 1 работа денес):
- Тргни од нејзината чинија. Донеси ѝ храна, нарачај вечера, спакувај училишни ужинки.

- Земи ги децата. Парк, прошетка со количка, капење — сè што ќе ѝ даде 30 минути сама.
- Измиј садови / испери облека без да прашаш. Визуелниот неред = казна за нервниот систем.
- Допир што лекува. Почести ја со 5–10 минути масажа на рамена, на темето или нозете додека таа се ослободува од тензијата.

- Разменете се за спиење. Односно ако ти стануваш рано - таа нека поспива. Или менувајте се во ноќните будења.
- Тело до тело. Седи зад неа, прегрни ја и дишете заедно полека. Ќе ја смири комплетно.

- Дај ѝ слободно време за движење. Чувај ги децата за да може да пешачи, вежба или да се истегне - движењето ослободува од стресот.
- Излезете сите надвор. Природата = ресет за нервниот систем (за сите).

- Постави ѝ го ова магично прашање: „Што би ти било најмногу од помош денес - одмор, помош околу домаќинските обврски, храна или време сама?“ Потоа направи го тоа.
Кликнете на видеoто:
С. С. | Црнобело