Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кога јас ќе имам дете...

„Кога јас ќе имам дете...“ е најзабранетата реченица која може да ја употребите во друштво на мајки, небаре сте извршиле криминално дело. Немаш дете = немаш право да кажеш ништо во врска со темата.

Koga-jas-ke-imam-dete-01.jpg

„Тебе ќе те видиме кога ќе бидеш мајка“. „Кога ќе родиш, ќе правиме муабет“.

Зошто да не правиме сега муабет?

Не морам да сум мајка за да знам дека на 40 степени детето не треба да носи 5 слоеви облека на него. Не морам да бидам мајка за да знам дека две коцки чоколадо нема да му наштетат ама баш никако. Не морам да сум мајка за да проценам дека го чуваш детето во стаклено ѕвоно и затоа што опсесивно му ги поплавуваш рачињата со антибактериски гел и на најмалото ветерче почнува да кива.

Немам сè уште дете, ама и јас сум нечие дете. И јас имам мајка, не ме родила жалната врба.

Веројатно знаете дека не ги зборуваме пола од работите напамет или напразно или на штета на малите душички. Не ви кроиме заговор кога кажуваме наше мислење. Не сакаме да се расправаме, не ви се инаетиме.

Ако сме во заблуда или грешка, можете да нè подучите. Можете најчовечки да ни кажете – го бањам детето 3 пати во денот заради ова и ова. Му ги чешлам трите влакна на косата со специјална четка заради тоа. И ќе ни стане јасно.

Тоа што никогаш нема да ми стане јасно е вашиот офанзивен став со аргументот „Ако немаш дете – молчи си“. Сериозно?!

Ние сме дел од истиот род и се срамам од ваквите мајки. И да, правите толку многу грешки, а вашата суета ве заслепува што не сакате да слушнете ниту еден совет или сугестија од немајка. Ниту од други мајки за волја на вистината, затоа што се постари, изгубени во преводот, а заборавате дека таквите ве одгледале.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Јас сум мајка која зјапа во телефон во паркот, додека нејзините деца си играат“ Јас сум, исто така, мајка која е со своите деца по цел ден. И мајка која се труд...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg