Какви навики имаат родителите низ светот и како ги третираат децата?

Некои би рекле дека без оглед на тоа каде живееш, родителскиот живот и грижа се идентични. Но, грешат.

kakvi-naviki-imaat-roditelite-niz-svetot-i-kako-gi-tretiraat-decata-1.jpg

Ви откриваме 7 навики на родителите ширум светот, кои можеби нема да ви се допаднат, но сепак постојат и се практикуваат со години.

Како родителите ги третираат децата низ различни земји?

1. Родителите од Мавританија плукаат во лицата на нивните деца

Ова е чудна навика преку која родителите од Мавританија сметаат дека доколку плукнат во лицето на своето дете, благословите ќе се залепат за него.

kakvi-naviki-imaat-roditelite-niz-svetot-i-kako-gi-tretiraat-decata-2.jpg

2. Родителите од Норвешка ги оставаат децата да спијат на температури под 0

Ова е заедничка навика за родителите од нордиските земји. Тие без проблем ги оставаат децата надвор на минусни температури, бидејќи сметаат дека свежиот студен воздух ги прави поотпорни на болести. Понекогаш дури и ги оставаат надвор, пред барот или ресторанот, во кој јадат или пијат кафе.

kakvi-naviki-imaat-roditelite-niz-svetot-i-kako-gi-tretiraat-decata-3.jpg

3. Мајките од Кенија никогаш не ги гледаат своите деца во очи

На овој начин сметаат дека ги учат да не бараат премногу внимание.

kakvi-naviki-imaat-roditelite-niz-svetot-i-kako-gi-tretiraat-decata-4.jpg

4. Родителите во Виетнам ги учат децата да одат во тоалет на команда

Секојпат кога детето ќе покаже знаци дека му се оди во тоалет, родителите користат свирка. Така, веќе на 9 месеци детето знае дека кога ќе ја слушне свирката треба да оди во тоалет.

kakvi-naviki-imaat-roditelite-niz-svetot-i-kako-gi-tretiraat-decata-5.jpg

5. Маите ги бањаат децата во ладна вода

Дечињата секогаш добиваат камен-ладна купка пред да си легнат. Родителите веруваат дека на овој начин им го чуваат здравјето и ги заштитуваат од болести.

kakvi-naviki-imaat-roditelite-niz-svetot-i-kako-gi-tretiraat-decata-6.jpg

6. Бебињата од Финска спијат во картонски кутии

Мајките во Финска уште по самото породување добиваат картонски кутии со корисни пакети од хигиенски продукти и облека. Па, новороденчињата неколку недели спијат во нив, наместо во креветчиња.

kakvi-naviki-imaat-roditelite-niz-svetot-i-kako-gi-tretiraat-decata-7.jpg

7. Децата во Јапонија јадат сè, но по малку

Никогаш нема да сретнете дебело дете во Јапонија, а тоа се должи на малите порции кои родителите им ги сервираат на дечињата. Колку и да бараат повеќе, родителите не попуштаат.

kakvi-naviki-imaat-roditelite-niz-svetot-i-kako-gi-tretiraat-decata-8.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...
14 носталгични докази дека мајките во минатото и денес се како „небо и земја“, низ илустрации Зборувањето за менструацијата било речиси табу, а многу девојки ги криеле своите...

Најчитани неделава